ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Филипче и Гогов во Струмица: Новиот крак од болницата се пренаменува во ковид центар

October 24, 2020 15:43
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска беше во работна посета на Клиничката болница во Штип и Општата болница во Струмица, каде заедно со директорите и вработените разговараа за предизвиците кои произлегуваат од зголемениот наплив на пациенти заболени од ковид-19.

Во изјава за медиумите, министерот Филипче од Струмица потенцираше дека болниците се преполнуваат. Во Скопје постепено се пополнува и модуларното одделение, а се прават припреми за болницата во Козле и дополнителни капацитети за Градската општа болница „8 Септември“. Во однос на штипската болница, во целосна координација и комуникација за префрлување на пациенти во болницата во Кочани.

„Во Струмица разговаравме за тоа како да се надополни кадарот, пред се во делот на колегите од интерната медицина, физички сместени пациентите и во одделението за инфективни болести, но и тука во самата зграда. И денеска разговаравме за постепено да се припреми новото крило коешто е целото опремено, снабдено со болнички кревети, со централен довод на кислород. За неколку денови може да биде ставено во функција.

Таму има капацитет од 100тина кревети, но кадарот треба да се распредели соодветно за да барем еден дел од пациентите бидат лекувани таму. Притисокот е навистина голем. Искрено се надевам дека мерките кои ги препорачавме, ќе придонесат да се намали трансмисијата на вирусот. Гледаме што се случува во целиот регион, во цела Европа, се преполнуваат болничките капацитети, тоа што сите сакаме да избегнеме“, истакна министерот Филипче и додаде дека на состанокот на министри за здравство од регионот во рамки на Берлинскиот процес кој се одржа пред два дена се разговарало за да се избегнат целосните ограничувања.

Тој потенцираше дека мерките коишто се сега на сила имаат за цел да лимитираат некаква форма на полициски час, понатаму лимитирање на бројот на контакти, носење на маски, избегнување на групирањето – сето тоа што може да значи намалување на трансмисија на вирусот.

На новинарско прашање, директорот на струмичката болница д-р Наке Гогов потенцираше дека првиот спрат од новиот крак на болницата поради потребата и итноста се пренаменува како ковид центар.

Во новиот крак во установата, условите ќе бидат подобри и ќе бидат сместени пациентите на кои им е потребно лекување, а персоналот ќе ни биде потребен и ќе се ротира персонал од другите специјалности

„На инфективното одделение имаме 32 пациенти кои лежат и 20 пациенти кои се на домашно лекување – пациенти со полесна клиничка слика. Двајцата доктори и шестте медицински сестри имаат уште неколку денови имаат од изолацијата и лекувањето. Истата бројка е од пред недела дена. Во моментов, има слободни четири до пет кревети“, рече д-р Гогов.

Next Post

Во изолација две вработени и 13 деца од неготинска градинка, нови осум случаи позитивни на коронавирус во Тиквешко

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk