Времето кога еден човек беше обвинител и судија и во кого беше сублимирана целокупната моќ и власт заврши.
Токму искрената борба против корупцијата, со неселективен пристап и со примена на законите е основата во преамбулата на партискиот статус да се воведе терминот „правда“.
Гледате дека постојано овој период преземаме чекори и праќаме силни пораки дека бескомпромисно ќе се бориме почнувајќи од начинот на функционирање и од функциониерите на СДСМ.
Поставувањето на вицепремиер за борба против корупција испраќа порака дека СДСМ отвора силен фронт, неселективен, со важење на законот за сите и никој не може да смета на партиска поддршка ако прекршил закон, напиша Николовски во објава на својот профил на Фејсбук.
Д. Е.