ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Промоција на видео на Лице в лице – „Да се обидеме и вака“ посветено на образовниот процес

October 26, 2020 11:30
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Списанието за одржлив развој „Лице в лице“, денеска во 18 часот на својата фејсбук-страница промовира видео насловено „Да се обидеме и вака“ посфетено на развојот и трансформацијата на образовниот процес.

-Како би можел да изгледа еден час на кој, меѓу другото, децата се поттикнувани да поставуваат прашања и да развиваат критичко размислување, не е задолжително да се седи во клупа, се учи преку примери и експерименти, учениците се и во улога на учители, а наставникот е отворен, мотивира и насочува се дел од аспектите кои уличното списание за одржлив развој „Лице в лице“ ги разработува во видеото насловено „Да се обидеме и вака“ по што публиката ќе биде поканета да го сподели, заедно со одговори за тоа како го замислува образованието од иднината, која е целта на образовниот процес, како да ја поттикнеме љубопитноста на децата и како тие да се изградат во одговорни граѓани кои што ќе придонесуваат во општествениот развој…, велат од „Лице в лице“.

Видеото е изработено како почеток на кампањата на „Лице в лице“ која е на тема „Образование од иднината“, чиј клучен дел е и  42. издание на уличното списание, кое ќе биде достапно за своите читатели од утре.

Најновото, 42. издание на списанието за одржлив развој „Лице в лице“, велат издавачите на ова списание, како и кампањата која што ќе се одвива на социјалните мрежи, зборуваат токму за перспективата на образованието кое ќе создава генерации со вредности, во кое наставниците континуирано ќе се развиваат професионално и ќе креираат часови кои што ќе ја поттикнуваат љубопитноста кај учениците, ќе ги мотивира и ќе ги гради во индивидуалци, човечки капитал што ќе го движи општеството напред, кон одржлив развој.

– До фактите денеска доаѓаме со еден клик на компјутер или телефон, а создавањето одговорна популација со критичко размислување што ќе создаде подобро општество, е процес во кој се вложува, зашто трансформацијата на општестовото почнува од трансформацијата во образованието, вели Климентина Илијевски, главната уредничка на „Лице в лице“.

„Лице в лице“ е списание за одржлив развој, кое излегува од септември 2012 година, и го промовира моделот на социјално претприемаштво.  Продавачи се ранливи сограѓани, кои се обучуваат за продажба од страна на тим на платформата „Лице в лице“. Половина од сумата на списанието (кое чини 100 денари) е директна заработка за продавачот (доколку го купите списанието директно од продавач или преку негов QR код, или се вложува во фондот за социјално менторство – поддршка на продавачите за градење вештини и за нивно вклучување на отворен пазар на труд). Останатата половина се вложува во создавање нови содржини, развој и надградба на дигиталната платформа и за печатење на печатеното издание.

Списанието, посочуваат од „Лице в лице“ врши двојна улога – ги засилува ранливите сограѓани, но, и ја подигнува јавната свест за прашања што нѐ засегаат сите нас – одржлив развој, социјална вклученост,  демаргинализација на групи и на поединци, образование, еколошка свест, културен развој, активизам во уметноста и во културата, општествена одговорност, волонтерство, кои се и дел од темите што се во фокусот на списанието.

 

Next Post

Анализа: „Долгиот пат до правдата во скратената постапка“

Shortcut

Најново

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk