ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Со статутарните измени, СДСМ како одговорна, државотворна партија поставува нови стандарди на партиско делување

October 26, 2020 10:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
На 25. Конгрес на СДСМ, прв дигитален Конгрес на една политичка партија во државава, усвоени се измени и дополнувања на Статутот на СДСМ, кои значат уште еден чекор напред кон поголема демократизација на партијата, унапредување на позициите на жените и младите во СДСМ и дополнително зајакување на партиските комисии, пишува во партиското соопштение.

„СДСМ е прва партија во земјава, во регионот и една од ретките партии во Европа и во светот која има целосна родова еднаквост и учество на мажите и жените рамноправно во своите органи и тела на партијата.
Измените на Статутот отвораат и нова демократска можност: за првпат во историјата на државата една политичка партија својот претседател ќе го избира на внатрепартиски, непосредни избори.
Новиот претседател на СДСМ ќе биде избран на директни,непосредни, партиски избори следната година, во првото полугодие кога истекува мандатот на актуелното раководство. За Претседател на СДСМ ќе може да се кандидра секој член со најмалку 5 години работа во партијата и со поминат најмалку еден мандат како член на Централниот одбор со право на глас.
Се менува и Преамбулата на Статутот. Покрај слободата, еднаквоста и солидарноста кој се основни социјалдемократски вредности, како и демократијата како цивилизациска вредност, се додава и правдата, како основно обележје на трајната посветеност на нашата партија.
Се воведува и Кодекс на однесување на СДСМ. Вредностите, програмските принципи и начела на партијата ќе бидат заштитени со Кодекс на однесување на членовите на СДСМ.
За прв пат во историјата на партијата, Форумот на жени на СДСМ и Социјалдемократската младина на Македонија се регулираат како трајни и статутарно предвидени форми на организирање. Претседателите на Форумот на жени и на СДММ и на Градската Организација на СДСМ ќе учествуваат во работата на извршните органи, со право на глас, на сите нивоа соодветно.
За првпат, се формира и Форум на пензионери, кој ќе има за цел да ги мотивира нашите највозрасни членови и да ги искористи нивните капацитети во градење на мерки и политики за унапредување на животот на пензионерите.
Конечно, со измените на статутот, со новиот бренд, црвената боја станува боја на СДСМ. Тоа е бојата на социјалдемократијата, боја што ја остликува нашата енергија, сила и верба во подобра заедничка иднина.
Одлуките од 25. Конгрес на СДСМ се нови стандарди, нови исчекори што како одговорна и државотворна партија ги преземаме“, се вели во соопштението.
Next Post

Границите со Грција остануваат затворени до 8 ноември

Shortcut

Најново

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk