ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Во Скопје оптимизам – има простор за постигнување решение со Софија, можни се допрецизирања на Договорот за добрососедство

October 27, 2020 08:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Оптимистички очекувања во С. Македонија за почетокот на пристапните преговори со ЕУ на две недели од последниот состанок на Советот за општи работи на ЕУ во Брисел за усогласување на преговарачката рамка за земјава и од самитот во рамки на Берлинскиот процес со кој годинава копретседаваат Скопје и Софија.

Министерот за надворешени работи Бујар Османи вчера изјави дека е оптимист дека Северна Македонија ќе почне преговори за членство во ЕУ, бидејќи вели, сите вклучени во овој процес се свесни за влогот, за тежината и последиците од евентуалниот неуспех на процесот.

– Одлука за почеток на преговори ЕУ има донесено во март со консензус на 27 земји членки. Сега зборуваме за консензус за текстот во однос на преговарачката рамка за формално започнување на преговорите. Тоа што ми дава оптимизам е дека сите страни во процесот сме свесни за влогот, за тежнината и за консеквенциите од неусоех на овој процес. Исто така можам да кажам дека разговараат во овој период и работните групи и јас, но и другите колеги, мислам дека дефиниравме простор во кој може да се најде заедничко решение, рече Османи вчера на прес-конференнцијата со резидентниот координатор на ОН во Република Северна Македонија, Росана Дуџиак.

Шефот на дипломатијата се осврна на сензитивноста на квалификациите што се даваат за историските прашања.

– Јас ги охрабрувам Комисиите и историчарите доколку најдат основ за убажување на тонот, на квалификациите во однос на историските прашања, реципрочно еден кон друг во интерес на подобрување на сегашноста и иднината, тоа и да го направат, зашто ако го направи тоа политиката сметам дека ќе биде помалку одржливо како решение и ќе биде секогаш предмет на политичко интерпретирање и оспорување, рече Османи.

Тој нагласи дека работни групи од Северна Македонија и од Бугарија на дневна основа работат на надминување на разликите на двете земји во однос на примената на Договорот за добрососедство. како што е новото кратко име.

-Ако краткото име предизвикува одредена загриженост во Република Бугарија дека некој тоа може да го интерпретира како територијална претензија на историскиот регион Македонија, мислам дека ние немаме проблем да направиме дополнително објаснување до бугарската страна дека новото име е во употреба како и долгото така и краткото, меѓутоа и краткото и долгото претставуваат иста територија, а тоа е Република Северна Македонија, изјави Османи.

Премиерот Зоран Заев изминатиот викенд за Денот на македонската револуционерна борба и по завршувањето на 25. Конгрес на СДСМ рече дека нема потреба од нов договор бидејќи постоечкиот е одличен и дека за решавање на проблемот со Бугарија постојат соодветни алатки и начини како што се јавна изјава, декларација, и слично.

– Нема потреба од нов договор. И ние се согласуваме, и Бугарија се согласува. Имаме одличен договор којшто треба да продолжиме да го реализираме. Едниот дел е тоа што Комисијата го работи. Веќе има решено историски ликови и историски периоди. Другиот дел е тој што треба да го зацврстиме во делот на пријателството, добрососедството и соработката со Бугарија и немаме проблем со усна изјава, писмена декларација и слично како што тоа го прифаќа и меѓународната дипломатија, а тоа е дека Република Северна Македонија, долгото име на државата, и Северна Македонија, краткото уставно име на државата, се однесува на територијата на нашата земја Република Северна Македонија и никако поинаку и дека немаме територијални претензии кон никој од соседите и кон било кој во светот, изјави Заев.

Во меѓувреме, денеска и утре во посета на Париз ќе престојува вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров. Во фокусот на разговорите со високи фанцуски официјални претставници ќе биде поддршката од Париз во оваа клучна фаза од нашите евроинтеграции – одржувањето на првата Меѓувладина конференција со ЕУ до крајот на годинава; динамиката на усвојувањето на Преговарачката рамка, а ќе се разговара и за напредокот на Северна Македонија нотиран во Извештајот на Европската комисија, како и за клучните приоритети од ЕУ агендата на кои што Владата ќе биде фокусирана во следниот период,

За време на посетата на Париз, предвидени се средби на Димитров со државниот секретар за европски прашања во Министерството за Европа и надворешни работи Клеман Бон, претседателот на Комисијата за европски прашања во Сенатот на Франција Жан-Франсуа Рапен, со Изабел Думон, дипломатски советник за Континентална Европа и Турција во Kабинетот на претседателот Макрон, со Каролин Вино, заменик на генералниот секетар за европски прашања при Владата на Франција и со Лилиана Танги, пратеничка во Националното собрание.

Северна Македонија очекува до крајот на декември да се оджи првата Меѓувладина конференција со Европската Унија, со што формално ќе отпочат пристапните преговори со Унијата, но не се исклучува нејзина можна блокада од страна на Бугарија која во појаснувачкиот меморандун до земјите-членки меѓу другото го оспорува македонскиот јазик и нација. Следна можност за надминување на македонско-бугарските недоразбирања е средбата на двајцата премиери Зоран Заев и Бојко Борисов која се очекува да се одржи на почетокот на ноември, во бугарската престолнина. Многу се полага и на Мешовитата комисја за историски и образовни прашања која по октомврискиот состанок во Скопје, одржан по речиси една година пауза, и  со постигнати мали поместувања, својот следен состанок ќе го има во декември во Софија. Клучно несогласување и натаму останува Гоце Делчев.

Според германската амбасадорка Анке Холштајн, јасна цел на Германија како актуелен претседавач со Унијата е да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија до крајот на годинава, а евентуалното незапочнување на преговорите го означи како неуспех. /MИА.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ви

Путин вели „Украина е наша“, од Кијив одговорија дека тоа е само доказ на рускиот презир кон мировните напори

June 21, 2025
Генерирано со ВИ

Пакистан ќе го номинира Трамп за Нобелова награда за мир

June 21, 2025

Лажна наградна игра поврзана со Лидл, компанијата апелира граѓаните да бидат внимателни

June 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манев го откри идентитетот на лицето кое го уништил синиот ранец со пиштолот и моторолите користени за убиствата на Вања и Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британски „Економист“: Вучиќ е на колена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во 4 по полноќ започнува летото, утре ќе биде најдолгиот ден во годината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk