Кети Гетева, новинарка и уредничка од Алфа ТВ, од денеска е ангажирана во Министерството за здравство, како одговорна на Секторот за односи со јавноста, но таа нема да дава изјави за медиумите, пренесува 360 степени.
„Јас ќе бидам одговорна на овој Сектор, но останува праксата министерот, директорите на клиниките, на центрите за јавно здравје и останатите здравствени установи да ги даваат изјавите за медиумите“, изјавила Гетева за 360º.
Александар Видиновски од Канал 5 ТВ премина во Министерството за правда, на работно место портпарол и посебен советник за односи со јавноста на министерот Бојан Маричиќ.
Во Министерството за внатрешни работи (МВР), пак, се вработи Гоце Андреевски, кој на јавноста ѝ е познат како водител и новинар од Телма ТВ. Во последната недела тој неколку пати се појави со изјави пред логото на МВР.