Пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов, во објава на својот профил на Фејсбук сподели кратко видео од своето обраќање од говорницата во Собранието за дискусијата за ребаланс на Буџетот, амандманите поднесени од опозицијата токму по ова прашање, и деинституционализацијата на штитениците од Заводот „Бања Банско“ во Струмица.
Костадинов ѝ се обрати на опозициската пратеничка Иванка „вие зборувавте дека поднесувате 180 амандмани, но прашајте се колку повлековте. Вие бегате од дебата за амандмани коишто вие ги поднесувате, смешно е, трагикомично е ова за една сериозна опозициона партија“, по што се надоврза и на коментарот на пратеничката за штитениците од Бања Банско, велејќи дека немаат право да зборуваат за тоа.
Каков беше вашиот однос со нив. Ние на овие избори имавме кандидат кој беше штитеник на Заводот за рехабилитација и заштита „Бања Банско“ Струмица. Тоа е нова вредност и тоа е начинот на кој ние треба да се поставуваме, додаде Костадинов спомнувајќи ја успешната деинституционализација на штитениците од заводот.
Д. Е.