пишува: РИБАРО
После црните рекорди од нови случаи од Ковид-19 на безмалку сите земји во Европа и светот, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, како што јавуваат извори на АХА од белата палата, подготвил соопштение со кое ќе бара оставки од Комисиите за здравство во Германија, Словенија, Србија и Бугарија.
Мицкоски револтиран од големиот број на новозаразени во овии земји имал намера барањето за оставки да им го предаде лично на Меркел, Јанша, Вучиќ и Борисов, но работата заглавила зашто лидерот на ВМРО-ДПМНЕ немал пристап безмалку до ни еден лидер од споменатите.
– Шефе, се сеќаваш како помина последната средба со Борисов, ни вода не сакаше да ни даде, не остави така да дремиме, како мислиш сега да му сугерираш вакво нешто? А и потсекретарот на Меркел не сака да чуе за нас, телефон не ни крева, а не пак канцеларката, му говореле соработниците
Мицкоски ја спремал како засилување комисијата за здравство од ВМРО-ДПМНЕ на чело со Дафина Стојановска и Вело Марковски за да им ја оправат ситуацијата во спомнатите држави.
– Па нели гледате со какви бројки се соочуваат?! Зошто ме одвраќате, тоа се наши пријатели и сојузници и ние како одговорна партија мора да им помогнеме, викал Мицкоски во белата палата по своите соработници.
Најблиските на Мицкоски, како што јавува извор на АХА, сè уште се обидуваат да го разубедат да не испраќа такви соопштенија зашто, ако ништо друго, можело да се разберат како мешање во внатрешните работи на државите, но Мицкоски убеден во своите ставови несакал да отстапи од намерите.
– Шефе, да бидеме разумни, кога овие кај нас се подбивааат со Вело и компанија, ти бараш да ги чујат други држави, не бива така. Човекот си има проблем, го гледаш ли колку пати самиот Вело ги смени ставовите, па не разбрал добро што предвидуваат мерките, па не бил вирусот опасан бил како сезонски грип и какви ли не глупости се изнатресе, се брука на телевизии во гостувања? Зарем него да го праќаме како појачување во Германија, Словенија и другите, кај и онака не не рачунаат за ништо, вака ќе не дигнат на клоци, му враќале соработбниците на Мицкоски.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK