ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Милевски: По 40 години Пониква добива реконструирани ски лифтови

October 31, 2020 10:33
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата преку Јавното претпријатие за државни патишта издвои средства да се реконструира патот за еден помасовен туризам на Пониква, а Министерството за локална самоуправа заедно со Швајцарската агенција за развој и соработка, обезбедија 5 милиони денари да се реконструираат и да се стават во функција скии лифтовите во рамки на Источниот плански регион.

Со проектот е опфатена реконструкција на постојните ски-лифтовите со должина од вкупно 692 метри, замена на сајли, котви, лагери, редуктори, комплетна електроника, репарација на стопи и бојадисување на столбови и друго. Со реконструкцијата на ски лифтовите на Пониква ќе се зголеми побарувачката за спортски туризам, ќе се привлечат спортски клубови и спортисти, како и аматери, деца и љубители на зимскиот туризам и ќе се зголеми безбедноста на посетителите.

– Мене ми е задоволство овие скии лифтови ќе бидат ставени во функција иако биле пред се заборавени од времето, нефункционални, така што Источниот плански регион заедно со општина Кочани, имаат идеја за туризмот и за развој на регионот. Со комплетната реконструкција на старите и нефункционални ски-лифтови се очекува да се подобрат условите за скијање, да се намалат досегашниот метеж, односно да се зголеми капацитетот на гости. Со реализација на овој проект ќе се подобрат условите за работа на ски клубовите и школите за млади скијачи, како и подобри услови за скијање на сите потенцијални скијачи и туристи на Пониква. Реконструираните ски лифтови ќе бидат достапни за употреба на сите категории граѓани, деца, ученици, студенти, вработени, невработени, пензионери, а за ранливите категории граѓани кои имаат желба за скијање ќе бидат обезбедени посебни поволности односно организиран превоз и бесплатно скијање, рече Горан Милевски, министер за локална самоуправа.

– Ги реконструираме и скии лифтовите кои се изградени пред нешто повеќе од 40 години, проект кој сметам дека е навистина регионален и кој ќе допринесе да го одржиме скијањето, да ја подобриме безбедноста на скијачите кои што скијаат овде на Пониква, и секако да сите допринесеме за развој на зимскиот туризам овде, на Пониква, вели Николчо Илијев градоначалникот на општина Кочани.

За Мирјана Македонска, национална програмска координаторка на Амбасада на Швајцарија во Скопје партиципативноста и транспарентноста се клучните вредности на Швајцарија, а преку овие проекти тие се еден од најголемите билатерални донатори во Северна Македонија.

– Преку регионалните форуми кои што ги организираше источниот плански регион, граѓаните од регионот можеа да се изјаснат за што да се наменат средствата во регионот за да се придонесе кон подобар развој на источниот плански регион и токму граѓаните одлучија дека тоа треба да биде скии лифтот на Пониква, појаснува таа.

Според Петре Крстов, вработен во информативниот центар на Пониква за време на викендите доаѓаат многу луѓе кои се воодушевени од природата и не им се верува дека вакво место воопшто постоело во нашата земја.

– Кој прв пат доаѓа, планира наредниот пат поорганизирано и помасовно да дојде на планината Осогово. Оваа патека што ја гледате за тие прв пат што доаѓаат и имаат желба да скијаат без разлика помлади, постари, кога ќе се качат првиот пат со некој страв, стрмна е, меѓутоа кога ќе се качиш горе и ќе се пуштиш еднаш, наредниот пат нема страв повеќе, појаснува тој.

Next Post

Д-р Караџовски: Не вулгаризирајте, на нива и на планина, кога сте сами, не мора да носите маски

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk