Патничко моторно возило „киа сид” со скопски регистарски ознаки, управувано од К.К.(36) од Скопје, вчера во 12 часот, удрило во пешак- 14 годишен малолетник од Скопје во близина на бензиската пумпа на ул.„Христо Татарчев” во Скопје.
По незгодата малолетникот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски” каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.