ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Со протестот против Кацарска, ВМРО-ДПМНЕ потврди дека стои зад насилството од 27 април

November 4, 2020 19:16
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, СКАНДАЛИ

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со негодување и протест во собраниската сала го дочекаа предлогот на Судскиот совет, судијката Добрила Кацарска да биде избрана за судија во Уставниот суд. Оправдано е една пратеничка група да не се согласува со изборот на одреден судија, но при тоа мора да понуди аргументи за таквиот став. ВМРО-ДПМНЕ избра наводните аргументи да го фокусира во еден судски случај, а тоа е насилството во парламентот, познат како „27 април“ кога толпа вооружени насилници упаднаа во парламентот со цел да ликвидираат политичари и да спречат СДСМ да формира влада, иако имаше обезбедено мнозинство пратеници.

Потоа, со помал интензитет се споменуваше и судскиот процес „Тенк“ во кој Добрила Кацарска ги осуди на затворски казни Никола Груевски и Гордана Јанкуловска. Ова упатува на заклучок дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ водат грижа за кариерата на Кацарска, но само од аспект на случаи во кои таа осудила функционери и членови на ВМРО-ДПМНЕ, без да изустат ниту збор  што е со стотиците други предмети кои таа ги имала во долгата, 30 годишна судиска кариера.

Значи, Кацарска осудила многумина и водела безброј судски процеси, ама ете ВМРО-ДПМНЕ смета дека таа е судијка на власта затоа што го осудила нивниот шеф Груевски, кој на криминален начин со Јанкуловска потрошиле стотици илјади евра за мерцедесот на МВР, исто како и насилниците кои за малку ќе го ликвидираа Зоран Заев во парламентот. Вреди да се напомене дека ОБСЕ го мониторираше процесот „Тенк“ и во извештајот напиша дека судот овозможил еднаквост на оружјата и дека во целото судење биле почитувани законите.

Немајќи вистински аргументи за работата на Кацарска во изминатите три децении, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ несвесно пукаа во празно со споменување на овие две судски досиеја. Но, она што го покажа седницата е дека со ваквиот потег ВМРО-ДПМНЕ само уште еднаш се стави на страната на насилството и на криминалот. Од одговорна партија се очекува да се дистанцира од насилниците, да ги осуди и да го поздрави нивното затворање, а не да се обидува вината да ја префрла кај судијата што ги осудил. На крајот на краиштата, кај секој судија можеше да се падне предметот, но ако доказите се тие и постојат тогаш сеедно е кој судел. Важно се судело според докази и фактичка состојба.

Толку многу функционери и членови на ВМРО-ДПМНЕ се обвинети, што некој предмет морало да се падне и кај Кацарска.

Д. Е.

Next Post

ВМРО-ДПМНЕ со возила ќе блокира сообраќај за да протестира против загадување

НАЈНОВО

ДИК го утврди упатството за утврдување на цените за платено политичко рекламирање во медиумите за локалните избори

August 9, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Инцидент за време на протестот во Кочани: Возило им го пресекло патот на родителите на загинатите

August 9, 2025

ДИК го усвои календарот за локалните избори: Поднесување листи на кандидати до 13 септември, кампањата ќе почне на 29 септември

August 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Окупација во 45 слики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал во Демир Хисар – Адвокатот Стеваноски: Еве како се менува доректорка на средно училиште пред распишување на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Инцидент за време на протестот во Кочани: Возило им го пресекло патот на родителите на загинатите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина новинарката Јулијана Тануровска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Локални избори – шанса за поправен испит за нашата зрелост како нација и држава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk