Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто е позитивен на коронавирусот.
Сијарто, кој е во официјална посета на Тајланд, нема никакви симптоми.
И словенечкиот министер за заштита на животната средина Андреј Визјак денеска соопшти дека е позитивен на коронавирусот.
Тој од 27 октомври е во самоизолација, но како што рече, се чувствува добро и нема симптоми на болеста.
Визјак тој не е сигурен како се заразил, но претпоставува дека тоа се случило по контакт со жена во општата болница во Брежице.







