ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МОЗАИК

Заев: Признавањето на важноста на ромскиот јазик треба да биде дел од напорите за спречување на сите форми на дискриминација на Ромите

November 5, 2020 11:33
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев преку видео обраќање го честиташе Меѓународниот ден на ромскиот јазик, 5 ноември. Притоа обрна внимание на два клучни моменти. Едниот е признавањето на важноста на ромскиот јазик и поддршката на Ромите во нивната социјална инклузија и учество во развојот на нашата  заедница. А другиот е дека во 2019 и почетокот на 2020 година се издадени 1.000 примероци на македонско – ромски речник и 800 примероци на Граматиката на современиот ромски јазик од авторот Латиф Демир.

„Почитувани граѓани на ромската заедница, почитувани граѓани на Република Северна Македонија – Нека ни е честит меѓународниот ден на ромскиот јазик.

Славењето на толеранцијата и почитувањето и поттикнувањето на културната разноличност, за нас во Република Северна Македонија претставува признавање и почитување на разноличностите во нашата држава низ историјата до денес, и во иднина.

Кога УНЕСКО го прогласи 5 ноември како Светски ден на ромскиот јазик во 2015 година, ни даде уште една причина повеќе да ги славиме и чуваме ромскиот јазик и култура, за да ја препознаеме важноста и еднаквоста на сите јазици.

Ромскиот јазик е официјален јазик на сите Роми во светот, збогатен со историски процеси на миграции и широк спектар на влијанија.

Признавањето на важноста на ромскиот јазик, во исто време, треба да биде дел од пошироките напори и акции за спречување на сите форми на дискриминација, како и за поддршка на Ромите во нивната социјална инклузија и учество во развојот на нашата  заедница.

Во одбележувањето на Светскиот ден на ромскиот јазик, сите ние застануваме со ромскиот народ и ја славиме културата на Ромите како дел од богатството на целото човештво.

Клучна улога во овие процеси има образованието за да обезбеди можности за учење на историјата и културата на различностите во сопственото и во другите општества.

Во таа насока е и публикувањето на Граматиката на современиот ромски јазик која има за цел да придонесе и во стандардизацијата на литературниот ромски јазик.

Припадниците на Ромската заедница од Република Северна Македонија имаа пресудна улога во официјализирањето на ромскиот јазик во мапата на јазиците на народите на светот со иницијативата и со делото на професорот Јусуф Шаип. Тој го посвети целиот живот на стандардизација на ромскиот јазик и за негово вклучување во образованието.

Во духот на зачувување на ромскиот јазик, со финансиска поддршка  на Владата  на Република Северна Македонија, во 2019 и почетокот на 2020 година се издадени 1.000 примероци на македонско – ромски речник и 800 примероци на Граматиката на современиот ромски јазик од авторот Латиф Демир.

Македонско-ромскиот речник содржи повеќе од 10.000 зборови .

Денес, кога го одбележуваме славењето на ромскиот јазик на тоа треба да гледаме и како потреба и да се креираат позитивни приказни за едно инклузивно општество еднакво за сите и за иднината“, рече Заев во видео обраќењето по повод Меѓународниот ден на ромскиот јазик.

 

Next Post

Пладневен преглед на вести: Кривични пријава против четири члена на ДИК, управител и сопственик на правно лице, не запираат теориите на заговор дека нè прскаат со отрови од воздух...

Shortcut

Најново

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

Мисајловски на свечен собир по повод Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за вработените

August 17, 2026
Wild Fire - photos by Vecteezy

Огнено лето 2026: Екстремни пожари и климатски промени

August 17, 2026
Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk