Со зголемува бројот на тестирани, расте и бројот на заразени со Ковид-19 во Албанија, каде во последното деноноќие за парвпат 25 отсто од тестирани се позитивни на вирусот.
Според Министерството за здравство и социјална заштита од направените 1.954 тестови, Ковид-19 е дијагностициран кај 489, што е нов негативен рекорд.
– За жал битката ја загубија шест пациенти,односно досега 549. Се зголемува и бројот на оние на кои им е неопходно болничко лекување. Во трите ковид болници хоспитализирани се 350 пациенти, информираше министертвото.
Од почетокот на пандемијата, во првите денови на март, до сега, во Албанија се направени 135.245 тестови, што во просек значи по 540 тестови дневно. Според познати албански епидемиолози дневно треба да се прават по најмалку 2.500 тестови.
Во Грција веќе четврти ден по ред дневниот број на новозаразени е над 2.000 лица, а во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 2.448 нови случаи на Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.
Според Националната организација за јавно здравје, приклучени на апарати се 196 пациенти, девет повеќе од вчера, а починаа 14 лица.
На денешната редовна прес конференција во Министерството за здравство на Грција за ситуацијата со коронавирусот во земјата, професорот Гикас Мајоркинис рече дека постои „агресивна динамика на раст, со речиси 3.000 случаи дневно“, со лоша епидемиолошка слика во северниот дел на земјата.
Од денешните 2.448 случаи, 683 се во Солун, а 492 во областа Атика, поширокиот регион на Атина.
Во пресрет на утрешниот карантин, заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас се задржа на мерките што стапуваат во сила во цела Грција, објасни дека казните за непочитување се двојно повисоки за разлика од првиот карантин и додаде дека ќе бидат зголемени и контролите.
За оние кои не носат маска, не одржуваат растојание или не се придржуваат на правилата за движење само со смс порака, предвидена е казна од 300 евра.
Доколку сопственик на бизнис ја прекрши мерката за забрана за работа, ќе биде казнет со 5.000 евра.
Од почетокот на епидемијата, во Грција се регистрирани 52.254 случаи, а починаа 715 лица.