ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Папа Франциск: Ќе ставиме крај на сексуалните злоставувања во црквата

November 11, 2020 15:54
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Папата Франциск денеска и се обрати на јавноста за првпат по објавувањето на компромитирачки извештаи за несоодветната постапка на Ватикан во случајот на поранешниот американски кардинал Теодор Мекарик и вети дека ќе стави крај на сексуалните злоставувања во Католичката црква.

– Сакам да повторам: сочувствувам со жртвите на секоја злоставување и повторувам – Црквата ќе го искорени злото, порача папата.

Внатрешна истрага спроведена во Ватикан покажа дека поранешниот папа Јован Павле Втори бил предупреден дека тогашниот надбискуп Теодор Мекарик се однесувал на сексуално непримерен начин, но оти тој сепак решил да го унапреди во надбискуп на Вашингтон.

Истрагата траеше две години, а покојниот папа го промовираше Мекарик во кардинал во 2001 година, една година откако беше прогласен за надбискуп на Вашингтон, каде во меѓувреме стана познат по прибирање средства и влијание.

Извештајот во голема мера го ослободи од вина сегашниот папа Франциск, а Мекарик поднесе оставка во 2018 година, додека Ватикан го екскомуницираше минатата година по црковно судење за сексуално злоставување малолетници.

„До 2017 година никој не му даде документација на папата Франциск во врска со обвинувањата против Мекарик. Папата слушна само дека има обвинувања и гласини“, се наведува во извештајот. Во документот се наведува и дека во 2005 година, папата Бенедикт побарал оставка од Мекарик во 2005 година, откако „обвинувањата за малтретирање и злоупотреба на возрасни повторно почнаа да излегуваат на површина“.

Во извештајот исто така се вели дека Канцеларијата за бискупи во Ватикан на Мекарик усно му наредила да се повлече од јавниот живот во 2006 година, две години подоцна во писмена форма, но дека тој ги игнорирал тие препораки.

 

Next Post

Филиповска-Грашковска: Има помалку непочитувања на протоколите, најверојатно поради зголемените ингеренции на инспекторите

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk