ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Повторно над 3.000 нови случаи во Грција

November 13, 2020 18:50
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во изминатите 24 часа во Грција повторно се регистрирани над 3.000 нови случаи на Ковид-19 – вкупно 3.038 новозаразени, а починаа 38 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Од ден на ден, во земјата се зголемува и бројот на пациенти приклучени на апарати. Денеска се 336, односно 26 повеќе од вчера.

На денешната редовна прес конференција во Министерството за здравство на Грција за ситуацијата со коронавирусот, професорката и епидемиолог Вана Папаевангелу рече дека веројатно земјата е во пикот на вториот бран на пандемијата, а во следните десетина дена се очекува намалување на приемот на пациенти во болниците

Од денешните нови случаи, најголемиот дел – 725 се во Солун, а 697 во областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Од почетокот на епидемијата, во Грција се регистрирани вкупно 69.675 случаи на Ковид-19, а починаа 997 лица.

Надлежната комисија на епидемиолози од Министерството за здравство на Грција попладневно одржува состанок на кој треба да се донесе препорака во однос на работата на основните училишта и градинките.

Иако беше најавено дека на редовната прес конференција попладнево,  министерката за образовани ќе ја соопшти одлуката, сепак тоа е одложено за утре, со оглед на тоа дека препораката на комисијата треба да биде разгледана од грчката Влада.

Од минатата сабота Грција е во целосен карантин, а отворени се основните училишта и градинките, меѓутоа голема е веројатноста од понеделник и тие да бидат затворени, иако сè уште не е јасно дали одлуката ќе биде за целата земја или само за деловите со лоша епидемиолошка слика.

Освен карантинот, од  вечерва, во Грција стапува на сила полицискиот час, односно забрана за движење на граѓаните од 21 часот до 5 часот наутро.

Next Post

Предлогот недела да биде неработен ден позитивно оценет од ЕСС, консултациите продолжуваат

Најново

Анаис, хороскоп, Македонија, Скопје, стара железничка

Дневен хороскоп со Анаис за 13 мај 2026: Врвен моментум и незапирлива акција

May 13, 2026

Филипче: Мицкоски и Муцунски ја кријат вистината, уставните измени се европско, а не билатерално прашање

May 12, 2026

Димитријевиќ: На Мицкоски му одговара да ја држи државата изолирана, за да продолжи да го краде народот

May 12, 2026

Мицкоски на Македонија 2025: Успешно ги менаџираме работите во државата, шест квартали по ред имаме 3,5 проценти реален раст на БДП

May 12, 2026

(ВИДЕО) Шпанија и СЗО прогласија „успех“: Заврши евакуацијата на крузерот поради хантавирус

May 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk