Вицепремиерот Љупчо Николовски во своето денешно видео обраќање, изјави:
„Инспекциските служби се важен контролен механизам за правилно спроведување на секоја уредба, одлука, протокол и мерка. Овие луѓе, кои деноноќно се на терен и работат со полн капацитет, се една од клучните алки во спречувањето на ширење на вирусот. Најголема поддршка на сите херои кои се вклучени во борба со коронавирусот ќе дадеме со доследно следење на едноставните правила: Не се групирај ! Носи маска! Држи дистанца! Миј раце.“