На предлог на Советот за безбедност кој вчера беше прифатен од Претседателот на државата, се очекува Владата денеска да прогласи кризна состојба на територијата на целата земја во траење од 30 дена поради исклучително сериозната состојба со КОВИД-19.
Во знак на одбележување на Светскиот ден на детето денеска дел од институциите во Скопје ќе бидат осветлени во сина боја како симболичен гест на нивната заложба за унапредување на правата на децата.
Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, вчера, по 10. седница на советот за безбедност истакна дека сега е најтешкиот период во справувањето со коронавирусот, а здравствените работници се под огромен притисок, но не се откажуваат.
Како социјална држава се грижиме за социјално маргинализираните, се бориме против поделбата на младите, против говорот на омраза, ние активно учевствуваме во креирање на политиките на младите кои потоа се преточуваат во главната програма на СДСМ“ – изјави Марко Михаилоски,
Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) почнува со имплементирање долгорочна стратегија за инвестирање во претприемачите и македонскиот стартап сектор преку споделување знаење и научени лекции од светски експерти.
Од утрово ковид одделнијата во Скопје се проширени за дополнителни 43 кревети кои се ставени во функција на пациентите суспектни и потврдени за КОВИД 19, извесуваат од Министерството за здравство.
Доброто управување и преземените активности од страна на Владата и Нардоната банка ја задржаа макроекономската и финансиска стабилност и го ублажија ефектот на ковид-кризата врз економијата и општеството, потврдува Меѓународниот монетарен фонд во својата завршна изјава од 10-дневната редовна мисија во земјава.
Премиерот Заев подвлече дека Владата е цврсто посветена на својата агенда за интеграција во Европската Унија, што е стратешка цел на земјата, при што додаде дека заклучоците на Советот на ЕУ од март 2020 година, потврдија дека земјата е подготвена да ги отвори пристапните преговори со ЕУ.