Читам партиите Алијанса, Алтернатива и ВМРО-ДПМНЕ се закануваат дека нема да правеле кворум за работа на Парламентот, напиша Коста Костадинов од СДСМ на фејсбук.
„Многу нечесен пристап кон нивното работно место, но уште полошо ова е нечесно кон граѓаните.
На маката на позитивен од Ковид19 колега пратеник, да се заканувате дека нема да доаѓате на работа е исто така и неколегијално.
Многу ме интересира дали истите партии вмро дпмне и алијанса, кои патем настапуваат како неформална коалиција, се согласија за раскинување на преспанскиот договор?
Дали вмро дпмне и алијанса сметаат дека Северна Македонија не треба да биде членка на НАТО алијансата?
Таквата држи недавај политика на неформално коалиционите партнери,уште долго ќе ги држи во опозициските столчиња!“, напиша Костадинов.