ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: Опозицијата не сака онлајн седници за да предизвика криза со буџетот, во Скопје приведен криминалец баран 2,5 години од Интерпол…

November 24, 2020 18:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС

-Опозицијата не сака онлајн седници за да предизвика криза со буџетот, а потоа да ја обвинува власта за неспособност. Сите аргументи кои во јавноста ги нуди опозицијата не се сериозни или не се доволно силни, прво да ги уверат граѓаните, а потоа да го премислат владејачкото мнозинство во намерата преку онлајн седници да обезбедат поголемо присуство на пратениците, оти и тие не останаа имуни на Ковид 19.

-Во Скопје приведен криминалец баран 2,5 години од Интерпол и германската полиција. Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потрага на ул.МАНАПО во Скопје врз основа на издадена меѓународна потерница ги приведоа С.Х.(44) од Боизенбург, Германија кој се барал за издржување на казна затвор од седум години и три месеци за сторени кривични дела измами и пирамидални шеми со измами.

-Рокот за аплицирање за Четвртиот сет мерки во секторите туризам и угостителство продолжен до 4 декември.

-Бектеши: Возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50% намалени давачки. На предлог на Министерството за економија, Владата денеска го усвои Предлог-законот за регистрација на возила со странски регистарски таблици на територијата на Република Северна Македонија.

-Ангелов: Околу 150 полицајци и 300 припадници на Армијата ќе бидат ангажирани за обезбедување на здравствени објекти. – Ние не праќаме војска затоа што граѓаните прават нереди во болниците, туку превентивно да го одржуваат редот за да можат здравствените работници непречено да ја вршат својата работа, изјави Ангелов.

-Вонредна инспекција во болницата во Битола.  Ова следи откако на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа дека додека пациент прима инфузија во истата просторија на други болнички кревети лежат починати пациенти.

 –Во прилепската болница има 30-ина слободни кревети и доволно персонал, стигнуваат волонтери матични лекари. Со новиот ковид-оддел на гинеколошкопто одделение, прилепската болница  се вбројува во врвот на општите болници во државава со најмногу слободни места за хоспитализација на пациентите со Ковид-19. Хоспитализирани се 110 пациенти, за жал постојано пристигнуват нови, но располага со 30 слободни кревети и пациентитте се примаат без особени ограничувања.

Милевски: Три „Пластикмати“ за рециклирање во Кумановскиот регион, за секое шише граѓаните добиваат поени за пазарење. Според амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер на овој начин, преку стимулација за селекција и реупотреба на отпадот, граѓаните ќе се едуцираат за бенефитите од рециклирањето….

-Аврамчев: Јасно е зошто легализацијата на канабисот им смета на структури од црниот пазар, хејтањето на конзументите никако не можам да го разберам. Јас како долгогодишен активист и член на Либерално Демократска Партија (ЛДП), ќе продолжам конструктивно да се борам и залагам за прогрес и либерализација, а тие нека размислат дали со нивните постапки помагаат на конзервативните сили во нашето општествето и оддржување на статус-квото – Фејсбук објава од Филип Аврамчев.

-Во Словенија 59 починати од коронавирус во последните 24 часа. Како што беше објавено на Твитер профилот на словенечката Влада, во болниците има 1.299 пациенти, од кои 204 се на интензивна нега.

И.Т.З.

Next Post

Мухамед Зекири нов генерален секретар на Владата

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Турскиот министер за транспорт казнет за возење со 224 км/ч

August 25, 2025
Фото: Pixabay

Операции за намалување на висината – нов тренд во турскиот медицински туризам

August 25, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага против криминална група за даночно затајување, даночна измама и перење пари

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ прави Мадуро на Венецуела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk