ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Стефоска: Во предлог буџетот за 2021 повеќе средства за платите на вработените во културата и за капитални проекти

November 26, 2020 12:46
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе средства за исплата на платите на вработените во установите од културата, средства за нивелирање на платите на директорите на националните и локалните установи, зголемување кај ставката блок дотации каде се предвидени повеќе средства за исплата на бруто платите на вработените во локалните установи кои се нивелирани заради примената на новиот Колективен договор за култура, како и за платите на директорите на локалните установи, средства во висина од пет милиони денари за поправки и тековно одржување на објектите на националните установи…

Ова меѓу другото е предвидено во Предлог – буџетот за 2021 година за културата, кој изнесува 3 милијарди 276 милиони 430 илјади денари (53 милиони евра), а кој денеска на прес-конференција во Владата во презентираше министерката за култура Ирена Стефоска.

– Средствата наменети за финансирање проекти од национален интерес во културата во 2021 година изнесуваат 970 милиони и 100 илјади денари (околу 15,5 милиони евра). Предлог-буџетот за културата во однос на целиот буџет на Република Северна Македонија е 1,23 проценти, а во однос на буџетот за 2020 година е намален за 10 милиони денари. Буџетот за 2021 година велиме дека е реален прилагоден на околностите и е проектиран согласно здравствената и економската криза предизвикана од Ковид-19. Успеавме и покрај тешката економска ситуација да имаме приближно ист буџет како минатата година, скратени се средствата во културата, но, тие се скратени и во сите министерствата, бидејќи се соочуваме со здравствен предизвик чие побрзо надминување е во интерес на сите граѓани, рече Стефоска.

Во изминатиот прериод од корона – кризата, наведе, ресорот култура извлече повеќе искуства кои сум уверена ќе ни помогнат и догодина успешно да се справуваме со реалност и да креираме содржини кои според протоколите ќе ни овозможат континуитет.

Таа посочи дека предлог-буџетот за 2021 година со кој се предвидени средства за работа на Министерството за култура и за Управата за заштита на културното наследство изнесува 240.283.000 денари. Од овие средства, појасни, два милиона денари се предвидени за набавка на софтвер и хардвер за современо функционирање на Министерството за култура и за набавка на соодветна информатичка опрема, а во рамки на буџетот за култура од следната година отвораме нова програма – „Културно наследство во опасност“ за која ќе бидат издвоени 12 милиони денари.

– Во поглед на остварувањето на приоритетите во заштитата, Курбиново е на врвот. Како приоритет се наметнува и заштитата на црквата во Матејче, проблем кој е актуелен веќе дваесет години. Тука е и конзервацијата на Лешочкиот манастир. Лично отидов во Градскиот конзерваторски центар за да видам до каде е проектот за конзервација Аквадуктот. Имам добра вест – идејниот проект за конзервација на Аквадуктот е завршен, а основниот проект ќе биде готов за две недели. Ја започнуваме санацијата на куќата на Лазар Личеноски, како и санациите на неколку спомен-куќи низ државава, како и на Центарот за култура во некогашната куќа на Нијази Бег, рече Стефоска.

Во однос на некои од капиталните  проекти за кои во предлог-буџетот за следната година се обезбедени 217.000.000 денари, рече дека планирани се средства за продолжување на изградбата на Турскиот театар во Скопје, ќе продолжи реализација на втората фаза на Театарот и библиотека во Тетово, а со средствата во 2021 година, би требало да се заврши Театарот во Струмица.

– Во буџетот се обезбедени шест милиони денари) за набавка на опрема за националните установи, а сметам дека од голема важност се и обезбедените 57 милиони денари насочени за санација. Така во 2021 година, се планирани реконструкциите на Театарот Куманово и центрите за култура во Кочани и во Гостивар. Во предлог буџетот за 2021 година предвидени се двојно повеќе средства за културата и евроинтеграциите. Финансиските средства обезбедуваат проекти поврзани со административна реорганизација на културните институции во согласност со принципите за јавна администрација на ЕУ; потоа, средства за ко-финанирање на сите одобрени проекти на македонските корисници од страна на Европската Комисија, а кои се однесуваат на програмата Креативна Европа, како и воспоставување на европската агенда за западен Балкан во областа на културата, истакна Стефоска.

Таа изрази уверување дека ова ќе придонесе кон поефикасно интегрирање  и вмрежување на уметниците и културните работници од нашата земја со земјите од Европската Унија и посочи дека прават се младите да ги стимулираат во сите сегменти на поддршката што Министерство ја дава, како што се и Годишните конкурси.

– Грижата за секој буџетски денар е иста, како и грижата за секој денар во семејната каса. Изминативе неполни три месеци решаваме голем број предизвици во Министерството свесни дека се наоѓаме пред една година која нема да биде помалку лесна од претходната. Затоа работиме посветиме за да креираме култура која ќе биде во релација со реалноста, а реалноста е дека Буџетот за 2020 година длабоко стапнал на чергата за 2021. Околу една третина од обврските за оваа година се пренесуваат за следната од две причини. Првата е поради ребалансот во мај година кога буџетот за култура е скратен за 30 проценти и втората затоа што во јуни и јули годинава од неразбирливи причини се склучувале анекс договори за зголемување на сумите во одредени дејности, како и прифаќање проекти по жалба кои претходно биле одбиени. Значи наместо после ребалансот кој е закон да дојде до кратење и на средствата во дејностите се случувал обратен процес, рече Стефоска.

Потенцира дека откако ја презела функцијата министерка за култура побарала отчет за секој потрошен денар и за секој долг на Министерството кој се прелевал од година в година.

– Веднаш од тие причини го екипиравме одделението за внатрешна контрола во секторот финансии, ја активиравме и внатрешната ревизија, чиј извештај за една од дејностите е поразителен и оди на натамошна постапка во соодветните институции. Значи од горенаведените причини исплатите се малку забавени. За да не ја доведеме културата во истата или слична стапица посветено работевме овие два месеци и на препораките на Државниот за ревизија од извештајот во 2017 година, а во врска со начинот на респределба на средствата од годишните конкурси. Наша цел е кај сите корисници независно од исходот на конкурсот да превладее чувството дека целиот процес бил спроведен во фер постапка. И покрај сите предизвици заштитата на културното наследство, поддршката на идеите и креативноста кај младите, и ЕУ интеграциите остануваат наши врвни приоритети кои се проектирани и за следната година, додаде Стефоска.

Next Post

Филипче: Се отвора ковид центарот на Клиниката за уво, нос и грло

Shortcut

Најново

Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026
Раговори за иднината 12:05 (фотографија објавена на 27 август 2026, на ФБ страницата на иницијативата)

(РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

September 25, 2026
Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk