Актерката Несрин Таир во видео порака за Иницијативата од ЦИВИЛ „Обединети во различноста“, повикува да се обединиме во различностите и ја искажа својата верба дека во нашата земја има многу човекољупци. Таа во своето обраќање, го цитира нашироко познатиот турски уметник, Зулфи Ливанели, инспириран од една мисла на Достојевски, вели дека убавината ќе го спаси светот…
Еден турски автор, воедно и музичар и поет, а и политички активист, вели тоа во превод би значело дека „Убавината ќе го спаси светот, и се ќе започне со љубов кон човекот“. Јас сум подготвена да се обединиме во различностите како човекољубец, а мислам дека и во нашата република во нашата земја има многу човекољупци, и дека сме подготвени да се обединиме сите во различностите.
ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да ги споделуваат содржините на Иницијативата „Обединети во различноста“ со позитивни пораки, но и самите да креираат текстови, фотографии и видеа со пораки и искуства на оваа тема.
#ОбединетиВоРазличноста
#TëBashkuarNëDallime
#unitedindiversity
Оваа содржина е дел од Иницијативата „Обединети во различноста“ посветена на промовирање на различностите како предност, богатство и квалитет на нашето општество. Иницијативата ја води ЦИВИЛ, со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.