„Нашата државност почива на делата на антифашизмот. Нашата слобода е резултат на антифашизмот. Македонскиот народ ја оствари својата сувереност во АВНОЈ-ска Југославија и го оствари својот веков едеал за своја држава со АСНОМ-ска Македонија. АСНОМ е историска потврда на нашиот македонски јазик и нашиот македонски идентитет.“, истакнува премиерот Заев во видео обраќањето, во кое одговараше на повеќе новинарски прашања поврзани се некои аспекти на неговото интервју за еден медиум од Република Бугарија.
Ј. Ѓ.