Споменикот на загинатите бугарски туристи кој вчера беше уништен од вандали, утринава е целосно обновен. Споменикот на брегот на Охридското езеро е паметник во чест на бугарските туристи кои животот го загубија во 2009 година кога потона бродот „Илинден“, објави 360 степени.
Во текот на вчерашниот ден беше уништен, а таквиот чин го осудија и македонското Министерство за надворшени работи и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски.
Градоначалникот денеска информираше дека по налог на Општина Охрид, службите на ЈП „Градски гробишта“ поставија нова плоча со натпис на споменикот „Солза на Роза“.