ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Маричиќ: Јас немам тефтерче за судии, тие самите ќе создадат одговорен и отчетен систем

November 30, 2020 22:23
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

„Основна задача ни е на дело да покажаме дека се подига довербата на граѓаните во судството. Тоа не се постигнува ако се грижиме за привелегии, за високи плати,или ако не се грижиме за правата на граѓаните, или ако правосудниот систем не испорачува правда. Едно е сигурно мора да бидат трнаспарентни и судовите и обвинителствата, да бидат одоговорни, да нема застарување на постапки, ниту да има игнорирање на позицијата на која било странка во постапката. Затоа имаме јасен план за проверка на работата на судиите и обвинителите, тоа го работиме заедно со Советот на судии и Советот на јавни обвинители. Со тоа имаме намера сите да се чувствуваат поодговорни, да учевствуваат во креирање на големата слика. Ние во изимнатите три години имаме судски пресуди кои што укажуваат на тоа дека навистина нема недопирливи, и ние со тоа покажуваме чекори напред“-изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ, во интервјуто за телевизија Стар.

Тој нагласи дека прочистувањето во судството нема да биде класичен Ветинг, како во Албанија, но дека крајната цел е да се направи одговорно и отчетно судство.

„Владата е тука да им ги подобри капацитетите на судовите и на обвинителствата, но тие да ја потхранат работата, да ја зголемат одговорноста, да ја претстават својата работа таму каде што треба, а негативните појави да се испрваат и да се корегираат. Тие што не заслужуваат да не се дел од ситемот понатаму. Откако се донесени некои законски измени, имаме веќе разрешување на осум судии и веќе 80 дисциплински постапки се покренати. Кај судиите тоа оди побавно заради процедурата. Имаме неколку крупни имиња кои не се дел од судството, како Панчевски, Вангеловски и други, и тоа е добар почеток да се врати довербата кај граѓаните, но тоа не е доволно за вкупниот впечаток. Граѓаните очекуваат судиите да работат независно, но и да се одговорни. Јас немам тефтерче за судии, тие тефтерчиња се кај Советот на јавни обвинители и кај Судскиот совет. Ако граѓаните видат видливи резултати, препознаат дека имаме професионален пристап, делата се спроведуваат на време, законот важи за сите, дека имаме неселективен пристап за поранешни и актуелни функционери… Затоа велам судството мора да биде поодговорно кон граѓаните и да чувствува потреба да кажува јавно како и што работи.“- рече Маричиќ.

На крајот тој истакна дека професионалните и добрите судии и обвинители, оние кои не се засегнати од прочистувањето и кои навистина сакаат да помогнат во реформите, се на страната на граѓаните и на страната на Владата затоа што се свесни дека целиот процес е заедничка мисија и дека е важно на крајот да се воспостави одоговорен и отчетен систем

Next Post

Маричиќ: Сашко Николов ќе се грижи за сите Штипјани, а Мицкоски не учествува на изборите бидејќи знае дека ќе изгуби

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk