Македонија е на 8. позиција на смртни случаи во Светот на 1 милион жители. Министерот Венко Филипче во „Клик Плус“ на ТВ21 изјави дека се земаат брисеви и пост мортем, бидејќи според него така се штитат и најблиските и е чесен и вистински пристап.
„Се зголеми бројот на смртни случаи не само кај нас, туку и секаде, еве и кај соседите. Имаме специфичен пристап кој не го сменивме од почетокот. Се земаат брисеви и пост мортем. Зошто? Затоа што сакаме да ги заштитиме најблиските. Ние можеме фиктивно да го намалиме, ќе престанеме да тестираме пост мортем. Нема да биде вистински и чесен пристап, не само кон пациентите, туку и кон семејствата. Се пријавуваат сите кои имаат сарс-ков вирус, според препораките на СЗО. Без разлика дали имаат такви тешки коморбидитети кои може да бидат вистинската причина на смртта. Затоа е таков став, со цел да ги заштитиме сите членови на семејството“, рече Филипче.