ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Филипче: Притисокот кон болниците се намалува, но сè уште сме многу внимателни

December 2, 2020 06:45
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Притисокот кон болниците се намалува, но се уште сме многу внимателни. Тоа што сега се случува кај нас е на некој начин едно намалување на притисокот на пациенти кон болниците. За разлика од почетокот на ноември, сега е речиси еднаков бројот на испишани и новопримерни пациенти, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

На гостувањето во емисијата „Клик плус“ на телевизија 21, Филипче посочи дека факторот на преносливост сега е некаде 1 и дава за право да се каже дека ситуацијата се смирува, но оти далеку сме од тоа дека може да се каже дека ситуцијата стивнува, бидејќи вирусот многу пати досега покажал дека е непредвидлив.

Во однос на зголемениот број на смртни случаи, Филипче рече дека бројот е зголемен, но не само кај нас, туку и во земјите од регионот.

И според директорката на Инфективната клиника во Скопје, Милена Стевановиќ очекувано е бројот на смртни случаи да биде поголем со оглед на бројката на новодијагностицирани и бројот на хоспитализирани пациенти.

– Ако ги следите и светските трендови ќе видите дека со зголемувањето на бројот на нови случаи и пополнувањето на капацитетите, бројот на смртни случаи расте. Она што ние го правиме е максимална транспаретност и отвореност кон јавноста во однос на секоја бројка, па и бројката на смртност. Се соочуваме со исклучително тешки пациенти на самиот прием кога е навистина тешко да се помогне и да се спаси пациентот, но исто така и гледаме пациенти кои се добро следени и лекувани по осум недели и на крај сме ја изгубиле битката за секунда, рече Стефановиќ.
Двајцата нагласија дека на ниту еден пациент не му е скратено правото да добие соодветна нега.

Во однос на типот на лекување, министерот Филипче посочи дека нема специфична терапија, туку се прави комбинација на лекови.

– Се уште е ова болест која се лекува со комбинација на лекови врз основа на симптомите кои ги дава пациентот, рече Филипче.

За гужвите пред болниците и тријажните центри, министерот рече дека гужвите не се затоа што некој не работи, туку едноставно зошто лекарите не можат да постигнат.

– Затоа треба и разбирање. Се менаџира сето тоа. Знаело да се направи гужва и порано во нашите амбуланти за други работи, рече Филипче.

За приватните клиники и нивното вклучување во третманот на пациентите, министерот посочи дека заеднички е договорен капацитетот од 100 болнички кревети, кој веќе се подготвува.

– Во овој момент не е потребен, но треба да биде на стенд бај. Се завршуваат некои финални работи. Тоа ќе биде на располагање на државата и ќе направиме распоред во зависност од притисокот кон сите јавно-здравствени установи, истакна Филипче.

Next Post

Д-р Стевановиќ: Секое несоодветно земање на лек, па дури и суплемент може да донесе несакани дејствија

EVN

НАЈНОВО

Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

April 17, 2026
онкологија

Цаневска: Два месеци недостасуваат клучни лекови, системот во колапс

April 16, 2026

(ФОТО) Силни пораки од протестот на културните работници: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп објави слика со Исус додека конфликтот со папата Лео продолжува да ескалира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анис – 15 април

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ги демантира вестите за барање за прекин на огнот со Иран: Пакистан останува единствен медијатор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ и Маѓар за „заеднички кум“ и „Турски тек“ во вербална војна веднаш по изборите во Унгарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новото лого на Мадона покажува дека кралицата на попот сè уште може да предизвика контроверзии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk