ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

(ВИДЕО) Подготовките за ковид-вакцинација започнуваат, вакцината ќе биде бесплатни и нема да е задолжителна

December 5, 2020 09:29
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

– Почнавме со интензивни подготовки за процесот на вакцинација од ковид-19, го спремаме здравствениот систем за ефикасен начин на вакцинација, истакна министерот Филипче на вчерашната прес-конференција.

Тој наведува дека се обезбедени 833 илјади вакцини за 400 илјади граѓани преку КОВАКС механизмот. и додава дека покрај овој механизам, веќе се доставени барања за директни договори за вакцини до две светски компании Астра Зенека и Фајзер. И третиот механизам е механизмот кој го понудија дел од земјите членки на ЕУ.

„Вакцинацијата ќе се врши во вакциналните пунктови и болниците. Вакцинацијата ќе биде бесплатна за граѓаните и нема да биде задолжителна.

Ќе се спроведе брз процес на тренинг за вакцинирање, согласно спецификите на вакцините од Ковид-19.

Сите здравствени работници ќе бидат соодветно обучени, за сите овие вакцини коишто се сега на располагање здравствените работници веќе имале искуство од други вакцини коишто се со сличен тип. Вакцинацијата на специфични групи и здравствени работници ќе се врши во рамките на јавно-здравствените установи кадешто тие работат.

Добивме потврда од Американска фондација за потребни фрижидери на минус 70 степени и тие ќе стигнат на почетокот на јануари. Тие ќе бидат дел на овој систем на чување и дистрибуција на вакцините во државата.“, рече Филипче.

Министерот потенцира дека како приоритет ќе се вакцинираат сите здравствени работници кои работат во ковид центрите или се директно изложени или работат со заболени или суспектни. Понатаму, здравствени работници коишто работат со земањето на брисеви, граѓаните над 65 години, пациентите со хронични болести во делот на хронично белодробни и кардиоваскуларни болести според шифрите на дијагноза преку системот Мој Термин, како и вработените во критичната инфраструктура и транспорт.

Како што појасни д-р Александра Грозданова, претседателка на Комитетот за имунизација при Министерството за здравство, правилото за примање вакцина како за сите други вакцини така и за ковид вакцината – се прима во општа добра здравствена состојба.

Пациенти кои прележале ковид, во зависност од состојбата во која што се наоѓаат и временскиот период секако дека ќе можат, доколку сакаат, да ја примат ковид вакцината, но имајќи предвид дека ќе имаме приоритетна листа ќе треба на некаков начин да се приоретизираат токму тие категории, вели Грозданова.

Според Министерството за здравство вчера во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 843 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. Вкупниот број на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.286 и има околу 160 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 79 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19, а во болницата во Штип се хоспитализирани 65 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 57 болни, а во Куманово 116 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 123, во ковид центарот во Гостивар 61, а во Струга 36 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 68 пациенти, во Кочани 18, во Кичево 20, Кавадарци 39, а во Гевгелија 17 лица позитивни  и суспектни на коронавирусот. Од МЗ потенцираат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Последните денови се забележува благ пад на новозаразените. Во последните 24 часа се направени 2.824 тестирања, а регистрирани се 1.100 нови случаи на Ковид-19.

Ј. Ѓ.

 

Next Post

Отворено писмо од бугарски интелектуалци: Неприфатливо е оспорувањето на македонската нација и јазик, веднаш да се одобри почетокот на преговорите

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk