Денес, Македонците и македонскиот јазик се впишани во ризницата на светските народи и јазици, и никој повеќе нема дилеми за неговата автентичност, и секое оспорување е спротивно на овие факти, истакна премиерот Зоран Заев во честитката по повод Св. Климент Охридски.
Во изјава потпишана од дваесет европратеници се повикува Бугарија да ја одобри преговарачката рамка на ЕУ за Северна Македонија. Пратеници од сите политички партии во Европскиот Парламент бараат да не се испушти денешната шанса за зелено светло за одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија до крајот на оваа година.
Посакувам делата и мудроста на Св. Климент да ни бидат водилка и патоказ низ премрежињата, а неговата верба и љубов поткрепа во искушенијата кои само сложни и обединети можеме ги надминеме, се вели во честитката од претседателот Пендаровски.
„Од дупка во дупка“, коментира Павле Богоевски. Самопрогласениот најголем правен експерт кој некогаш чекорел на македонско тло вчера многу се изнервира кога новинарка ја објави во целост пораката што тој ја пратил како одговор на нејзиното прашање.
По повод патрониот празник на Охрид, Денот на Св. Климент Охридски, Министерство за култура и Национална установа „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид“, овозможува слободен влез за посетителите во археолошките локалитети Самуилова тврдина, Залив на коските и Музеј – Куќа на Робевци.
Мицотакис и претседателката на државата ќе бидат првите или меѓу првите кои ќе се вакцинираат и уште еднаш повтори дека е отворена поканата до лидерите на политичките партии да им се придружат, а според неговите процени, вакцината во Грција ќе пристигне во првите денови од 2021 година.
Турските власти денеска упасија 198 луѓе, од кои најголемиот број припадници на армијата под сомнение дека одржувале врски со проповедникот Фетулах Ѓулен, кој Анкара го обвинува за поттикнување на неуспешниот воен удар во јули 2016 година.
Свети Климент Охридски е најдобриот следбеник на Св. Кирил и Методиј. Носејќи го со себе нивниот дух, тој го изградил најважното училиште од Охридската школа, првиот Универзитет на Балканот.
Маргарет Кинан, 90-годишна жена од Велика Британија е прва особа во светот што ја прими вакцината против новиот коронавирус на компанијата Фајзер и БиоНтек.
Османи: Македонскиот идентитетот и јазикот се црвените линии и за Албанците. Идентитетот е црвена линија и за тоа никој нема право да преговара, изјави вечерва, во гостување на ТВ21, министерот за надворешни работи







