ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бугарија ја блокираше преговарачката рамка за С. Македонија, ЕУ не се откажува

December 9, 2020 07:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Како што се очекуваше, Бугарија стави вето за одржувањето на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, и со тоа го попречи носењето одлука и за Албанија, германското претседателство меѓутоа уверува дека стартот на процесот е прашање само на време, јави дописничката на МИА од Брисел.

За министерот за европски работи на Германија, и претседавач со ЕУ до крајот на оваа година, ова вето претставува и лично разочарување, и загрозување на безбедноста на целиот регион, па и на Европа на долг рок, изјави Михаил Рот пред и после вчерашниот министерски совет на ЕУ.

-Европската Комисија предложи преговарачка рамка, прашањето е кога, а не дали таа ќе биде усвоен, би сакал да испратам малку оптимизам, само една земја не се согласи за преговарачката рамка, а таа рамка мора да биде прифатена од сите земји членки на ЕУ и од Северна Македонија, прилично сум сигурен дека нашите партнери во Скопје нема да се обесхрабрат, рече Михаил Рот на прес конференцијата вчера.

За него прашање на време е кога ќе се одобри преговарачката рамка за Северна Македонија, тој смета и на португалското претседателство, иако останува нејасно на што го темели својот оптимизам и дали има знаци од Софија дека владата таму би попуштила.

-На мое огромно разочарување не постигнавме согласност за преговарачките рамки ниту за заклучоците на Советот за проширувањето, ова е горчлив удар за нашата политика кон Западниот Балкан чија цел е да се поттикне стабилност и демократија на Западниот Балкан, но ЕУ останува посветена да се постигне согласност во наредните денови, најдоцна за време на португалското претседателство, изјави Рот.

За ЕУ нема дилема дека Северна Македонија припаѓа во Европската Унија, потврди германскиот министер.

-Нема потреба од план Б за Северна Македонија, прашањето е само кога, и сигурен сум дека ќе се надмине ова. Ова за мене е и лично разочарување, како и за самата канцеларка (Меркел), ние сме посветени, но не бевме доволно успешни, почувствував огромна поддршка од другите земји членки, а португалското претседателство рече дека ќе се заложи. Можете да сметате на поддршката на федералната влада на Германија дека ќе продолжи да притиска, рече германскиот министер за Европа.

Рот со своите изјави остави простор за можен компромис до крајот на оваа година, иако шансите се многу мали. Сепак, на крајот на оваа недела треба да се одржи самит на лидерите на ЕУ каде канцеларката Ангела Меркел ќе има повторно прилика да разговара со својот сопартиец од Европската народна партија, бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Дипломати во Брисел изразуваат надеж дека оваа средба би можела да вроди со некаков плод.

Но, во Европската народна партија и натаму се молчи на оваа тема, нејасно е дали е тоа тактика или незаинтересираност.

На прашање кој е ставот на ЕПП, најголемата политичка партија во ЕУ и највлијателна во сите институции на ЕУ, за блокадата на преговорите со Северна Македонија, од нивната прес служба за МИА вчера кусо одговорија “немаме коментар“.

На 10 декември во Брисел ќе се одржи првата дебата за извештајот на Европскиот Парламент за Северна Македонија, на која треба да учествува министерот за надворешни работи, Бујар Османи. /МИА/.

Next Post

Стопанската комора ќе го претстави 10-то издание на ТОП 100 најуспешни компании

Shortcut

Најново

Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk