ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Филипче: Вакцините против сезонски грип не се потрошени, од денеска ќе има повеќе термини за вакцинација

December 9, 2020 10:12
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Вакцините против сезонски грип не се потрошени. Од денеска ќе има повеќе термини за вакцинација, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

-Тоа што го видовме во овој изминат период е еден огромен интерес како што никогаш немало минатите години. Ние имавме многу помалку вакцини и никогаш освен во првата недела што е вообичаено немаше ваков интерес. Во смисла на правење распоред, се направи распоред да има една одредена временска дистанца меѓу времето на апликација на вакцините на граѓаните со цел да не се прават гужви во амбулантите. Понатаму, еден дополнителен проблем којшто излезе на виделина сега од изминатите недели е практично системот на закажување, но токму поради големиот интерес. Електронскиот систем не можеше да ограничи еден наспроти друг матичен лекар да зафати помалку термини, на сето ова работеше системот Мој Термин. И тоа што ќе се случува од денеска е да има поголем број термини и поголема достапност за матичните лекари согласно досегашното искуство. Од денес практично на некој начин да се ограничат матичните лекари да не може секој еден да зафати поголем број термини, во однос на другите матични лекари од таа регија и повеќе термини за вакцини, рече Филипче во вчерашното телевизиско гостување.

Тој изјави дека количините за вакцинација се сосем доволни.

-Вакцините не се потрошени, продолжува системот на вакцинација. Можевме ние да направиме и друг систем нагло да се пуштат сите вакцини и да пробаме да се извакцинира поголем број граѓани, во пократок временски период, меѓутоа сметам дека тоа ќе беше голем хаос во амбулантите – огромни гужви коишто на некој начин се и ризик, оттука да се направат мини кластери, истакна Филипче.

Министерството за здравство за оваа сезона на грип набави 40.000 дози на четиритипни вакцини против грип, наменети за бесплатна вакцинација на ризични групи. Во споредба со минатата сезона, за која се набавија 28.000 дози на вакцини, оваа година за околу 40 отсто се зголемија количините. Бесплатна вакцинација против сезонски грип се врши на шест пункта на Здравствен дом Скопје, како и во здравствените домови во Велес, Неготино, Teтово, Гостивар, Кичево, Охрид, Струга, Вевчани, Македонски Брод, Ростуше, Битола, Прилеп, Крушево, Ресен, Демир Хисар, Свети Николе, Радовиш, Струмица, Штип, Валандово, Куманово,Кратово, Крива Паланка, Берво, Делчево, Виница, Пробиштип, Пехчево, и Кочани. Вакцинација се вршти во општите болници во Гевгелија, Дебар и Кавадарци. Во оваа сезона на вакцинација против сезонски грип, првпат е овозможено бесплатната вакцинација на здравствените работници да се спроведува во нивните матични установи, наместо да одат како и досега во центрите за јавно здравје. 

Next Post

Воведување рестриктивни мерки во Словачка е извесно, само прашање е кога

Shortcut

Најново

Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk