ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ќе бидат испратени дополнителен број лекари во ковид-центрите на Интерните клиники 

December 10, 2020 07:35
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

За 24 часа од компликации од Ковид-19 починаа 46 лица во државава, од кои најголем број – 19 се од Скопје. Регистрирани се 504 нови случаи од направени 1.470 тестирања и 731 оздравен пациенти, се наведува во вчерашниот извештај на Министерството за здравство.

Вкупниот број позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е 1.376, а околу 160 празни болнички кревети има во ковид – центрите.

Третманот на болните, состојбата со капацитетите на ковид-центрите и ротациите со персонал беа теми на вчерашната средба на министерот за здравство Венко Филипче со директорите на Интерните клиники.

– На состанокот се разгледуваше состојбата за достапност на болничка терапија за ковид-пациентите кои се хоспитализирани. И покрај зголемената побарувачка на одреден број лекови, доставата на терапиите оди тековно и нема застој. За некои лекови кои се користат во болниците, потрошувачката е тројно зголемена во однос на истиот период лани, но потребните колични се испорачуваат и нема недостиг од лекови. Во моментов има доволно слободни места на Интерните клиники, се следи состојбата со бројот и приемот на пациенти и доколку се појави потреба, ќе се отворат дополнителни капацитети за згрижување ковид-пациенти, соопштија од Министерството за здравство.

Посочија дека во сите ковид-центри на Интерните клиники ќе бидат испратени дополнителен број лекари.

Министерот Филипче вчера се сретна со претставничката на УНИЦЕФ во државава, Патриција Ди Џовани, со која разговарале за набавката на ковид вакцини преку Ковакс механизмот и улогата на УНИЦЕФ во тој процес.

Ди Џовани од име на УНИЦЕФ ги предочила предностите од учеството на оваа организација во носењето на вакцината од производителите до нашата држава, како што е транспорт, шпедиција, обезбедување на дозволи за транзит, се што значи логистичка поддршка како и обезбедување на „Студен синџир“ за безбедна достава на вакцините во државата. Министерот Филипче рекол дека ги препознава предностите и дека истите ќе ги земе предвид кога ќе се одлучува кој ќе ја врши доставата на вакцините до нашата држава.

Вкупната бројка ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 69.954, бројката на оздравени пациенти е 46.352, на починати е 2.023, а бројот на активни случаи изнесува 21.579.

Next Post

Османи ќе се обрати пред пратениците во Европскиот Парламент

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk