Французите се спасија од полициски час за Божиќ, за Нова Година нема излегување после 20 часот. Од 15 декември ќе се воведе полициски час од 20 до 6 часот, а не од 21 до 7 часот, како што првично беше предвидено.
Заев во „Топ тема“ на Телма:
– Држиме европски лекции од кандидатскиот Западен Балкан, во време кога Европа не е баш толку европска, со сите тие блокади на буџет, одредени национализми. Европа треба да испорача европски вредности, европски пример и затоа горчината ни доаѓа.
– Јас сум роден Македонец, сум израснат како Македонец, граѓаните кои ги чувствуваат овие горчини, ги предизвикуваат нашите чувства, ги чувствувам и јас секојдневно, иако сум одговорен и знам дека јас сум должен да ги отворам патеките, да го правам патот за да можеме навистина да градиме искрено пријателство.“
– Граѓаните и институции во Бугарија мора да знаат дека идентитетот, јазикот и определбата се наши универзални права.
– Мицкоски велеше дека за време на викендот се распарчува Македонија во Софија. Македонија не е распарчена, од Софија се потврди дека за јазикот и идентитетот не се преговара, не го лажете народот.
– Најдобра афирмација јазикот и идентитетот ни постигнаа преку преговорите со Бугарија. Денес, како никогаш порано е заштитен македонскиот јазик, македонскиот народ и нашиот македонски идентитет, и тоа се постигна доминантно низ афирмацијата на преговорите со Бугарија и денеска со личната карта која што ја имаме во ООН
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, вечерва потврди дека е постигнат договор за повеќегодишниот заеднички буџет и Пакетот за закрепнување.
Deal on the #MFF and Recovery Package #NGEU
Now we can start with the implementation and build back our economies.
Our landmark recovery package will drive forward our green & digital transitions. #EUCO
— Charles Michel (@eucopresident) December 10, 2020
Списанието „60 милиони потрошувачи“ тестирало 160 производи за хигиена и убавина, почнувајќи од гел за туширање до хидратантна крема, вклучително и основа за шминкање, а проблематични се триесет козметички производи во широка продажба.
„Модерна“ почна со тестирање на вакцината против Ковид-19 меѓу адолесценти. Тестирањето меѓу адолесцентите значително помага да се обезбеди сигурност и ефикасност на вакцината кај помладата популација.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2758 тестирања, а регистрирани се 929 нови случаи на ковид-19. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1068 оздравени пациенти. Починати се 28 лица, меѓу кои и 22 годишен пациент од Скопје.
Ј. Ѓ.