ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Во Грција се отвораат само книжарниците и фризерските салони, полицискиот час и рестрикциите продолжени до 7 јануари

December 11, 2020 13:00
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Фризерските салони, берберниците и книжартниците се единствените бизниси во Грција што ќе почнат со работа, а иако се најавуваше дека ќе се отвори и малопродажбата, сепак, продавниците ќе работат за подигање на нарачка, додека пак полицискиот час, смс пораките за движење и постоечките рестрикции во земјата се продолжени до 7 јануари, јави дописничката на МИА од Атина.

Новите мерки и одлуки, ги соопштија и објаснија портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас и министерот за развој и инвестиции на Грција, Адонис Георгиадис.

Пецас рече дека „иако поминаа пет седмици од воведувањето на вториот карантин, епидемиолошката слика во земјата и понатаму е оптоварена“ и затоа се донесени новите одлуки.

Полицискиот час, наместо од 21 часот, од недела, ќе биде од 22 часот до пет часот наутро, додека пак црквите ќе останат затворени со исклучок на Божик (25 декември) и Водици (6 јануари) кога ќе биде дозволено присуство на верници, односно како што објасни Пецас, до девет лица во црквите и најмногу 25 лица во соборните храмови.

Празникот Водици нема да се празнува со традиционалното има фрлање на крстот.

Во однос на бизнисите што почнуваат со работа, од понеделник се отвораат фризерските салони и книжарниците и ќе работат под строги правила и прописи, додека пак сите продавници ќе останат затворени до 7 јануари, а од недела се воведува можноста да бидат отворени само за подигнување на нарачка.

Пецас посочи дека оваа можност се воведува поради зголемениот обем на работа на компаниите за достава, а министерот за развој и инвестиции на Грција Адонис Георгиадис објасни дека услугата „клик авеј“ (click away) значи направена нарачка, преку интернет или телефонски, плаќање онлајн или со картичка и подигање на нарачката во специјално одреден простор, на отворено, пред продавницата.

Во редицата пред продавниците не смее да има над девет лица, со најмалку два метри растојание меѓу нив, а за подигнување на нарачката, граѓаните ќе добиваат потврда со податоци на продавницата и точно закажан термин и нема да биде дозволен влез во внатрешноста, ниту пак подигнување на купените производи на повеќе од едно лице.

За подигање на нарачката ќе биде потребно и испраќање смс порака, исто она што важи и за посета на супермаркет или аптека, а ќе важи и за фризерските салони.

Георгиадис потенцираше дека ако не се почитуваат правилата и мерките, ќе се укине и повлече конкретната услуга.

И Пецас и Георгиадис истакнаа дека епидемиолошката слика во земјата не дозволува отворање на малопродажбата.

Портпаролот на грчката Влада објасни дека здравствениот систем и понатаму е под притисок со исполнети 83 отсто од капацитетите на Одделите за интензивна нега во цела Грција, а ситуацијата е особено лоша во Солун, каде што се слободни само девет проценти од креветите.

– Заклучокот од оцената на податоците, за жал, не е задоволителен. Новите случаи не паѓаат, а Одделите за интензивна нега не се празнат онолку колку што се очекуваше. А одговорни сме сите ние. Затоа, не можеме одново да започнеме со економските и социјалните активности на начин и во време што сите би сакале. Случаи на  гужви, како оние што ги видовме во Велика Британија и Франција, го вклучуваат алармот за сите нас. Неопходно е да се избегнат вакви слики во нашата земја. И тоа е во наши раце, истакна Пецас.

До 7 јануари 2021 година во Грција остануваат затворени училиштата, моловите, рестораните, таверните, кафулињата и баровите, спортските и фитнес центрите, а движењето на граѓаните и понатаму ќе  биде само по претходно испратена смс порака со избрана една од шесте опции.

Грчката Влада на 7 ноември воведе карантин во целата земја што првично требаше да трае само 23. односно до 30 ноември, а дополнително беше продолжуван.

Од почетокот на епидемијата во Грција се регистрирани 3.370 смртни случаи од Ковид-19 и 121.253 заразени лица.

Next Post

Макрадули: Македонска пошта има долг од околу 10 милиони евра

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk