ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Заев нема да свика лидерска, обвиненија за деветмина за проневера на 9 милиони евра, апел новогодишните празници да се празнуваат разумно, без групирања…

December 15, 2020 18:01
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Заев: Имав намера да свикам лидерска, но по објавата на Мицкоски, не гледам повеќе причина за тоа. За што да свикам лидерска средба? Јас не се согласувам воопшто со ова затоа што Владата покажа пример на пријателство и продолжува да гради пријателство, рече Заев.

Заев: Кафаните ќе работат до 18 часот, забрана за секави прослави до 20 јануари. Мерките вклучуваат забрана за работење на угостителските објекти по 18 часот, забрана за организирање на предновогодишни прослави, како и прослави за Нова година, забрана за собири на отворен или затворен простор, верски собири за време на Божиќните празници, и истите ќе траат од 18 овој месец па се до 20 јануари на полноќ.

Караџовски: Не е битно каде ќе славите, важно е да не се групирате. Зборуваме за фамилијарна прослава каде што едно семејство ќе биде присутно во еден објект, дали ќе се вика Берово, Охрид или каде било, на што не можеме да влијаеме, кој каде ќе ја прослави Новата година, дали во Скопје или во Берово. Патувањата не се лимитирани, прославата на Нова година, доколку е одговорна, може да биде каде било во државата, рече Караџовски.

Влада: Еднократната поддршка од 6.000 денари која граѓаните ќе ја добијат можат да ја користат без временски ограничувања. Препораката за искористување на средствата до 25 декември останува со цел до крајот на годината да се инјектираат и ликвидни средства во стопанството за кус период, да се купуваат македонски производи и на тој начин да се дејствува врз раздвижување на економската активност.

Обвиненија за деветмина за проневера на 9 милиони евра, првообвинет е екс директорот на Поштенска банка. Обвинителството поднесе обвинение до Кривичниот суд, со кое ги обвинува ексдиректорот на „Поштенска банка“ Коле Смилевски, гевгелискиот бизнисмен и сопственик на фирмата „Ноел“ Томе Главчев и бизнисменот и ексградоначалник на Кочани, Ратко Димитровски за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

Владата нема да се спогодува со тужителите за прислушувањето, ќе бара докажување на случаите низ правна постапка. Маричиќ на прес-конференција соопшти дека Владата го задолжила владиниот агент, до 18 декември, односно во предвидениот рок, да го извести Евроспкиот суд за човекови права во Стразбур за ваквата одлука.

Заев – Филипче: Празнувај одговорно, да го чуваме здравјето додека ја чекаме вакцината против КОВИД-19.

Димитров: Немам и никогаш не сум имал друго државјанство освен македонското. Поттикнат од иницијативата на новинарот Горан Михајловски, јавно соопштувам дека немам и никогаш не сум имал друго државјанство покрај македонското, напиша на Димитров на ФБ.

Захариева го споредува Тито со Хитлер, според неа Софија не го негира јазикот и идентитетот на Македонците. Се согласувам (со вицепремиерот Никола Димитров, н.з.) дека секоја нација има право на самоопределување. Но не се согласувам со тврдењето дека ние им го негираме тоа право. Тоа не е точно, вели таа.

Приказните за диско „Турист“ и кино „Карпош“, низ инсталациите на „Урбани топоними“. Поставени се 2 нови уметничко просторни инсталации во јавен простор насловени како Урбани Топоними – акции наменети за зачувување на спомените на градот, информираат од Центарот за современи уметности Скопје и Општина Центар.

Царовска: Системски го надминуваме прашањето на родовите стереотипи во образованието. Со новата концепција за основно образование која е во завршна фаза, освен што ќе учат за толеранција, мултикултурализам и прифаќање на различните од себе, учениците уште од основно образование ќе стекнуваат знаења за родова еднаквост, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска

Богоевски: Уште една лажна вест – До каде (ќе) оди забеганоста на апасиев? п.с. Не мора да укажувам на очигледно националистичката поента на објавата. Ниту на повторното елементарно незнаење на профата со 10,00.

Кузеска: По шест порази од граѓаните Мицкоски никако да ја научи лекцијата.

Постигната согласност за флексибилен и фер пристап кон категоризацијата на тутунот на средба со компаниите откупувачи.

И.Т.З.

Next Post

Шахпаска: Недела треба да биде неработен ден за доминантниот број на работници, но виталните функции на државата не смеат да се ограничат

Shortcut

Најново

Тернопил, 15 октомври 2026 (ДСНС)

Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Тужбите против OpenAI во САД: Што е потврдено, а што останува на ниво на обвинение?

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Се снајде на туѓа сметка

October 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk