ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ивановска: Системско решение за надминување на состојбата со имотот на функционерите е донесување закон за потекло на имотот

December 22, 2020 20:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска смета дека клучна за контрола и системско решение за надминување на целата состојба во државата со имотот на функционерите е донесувањето на закон за потекло на имот на секој граѓанин, со што, според неа, ќе се избегне ризикот одредени функционери својот имот да го пријавуваат на туѓо име додека се на функција, а потоа да си го вратат на свое име, бидејќи ДКСК понатаму нема законска надлежност да ја следи имотната состојба.

– Денеска и на Владата го поставивме истото прашање. Треба Министерството за правда да го иницира ова донесување, да се подготви законот, изјави Ивановска за Телевизија 24.

Таа посочи дека сегашниот систем за евиденција на анкетните листови ги објавуваат на веб страната, но тие таму стојат додека е мандатот на функционерот. Кога ќе заврши мандатот, старите листови се тргаат од веб страната, бидејќи, како што вели, таков е системот.

Ивановска посочи дека нема истражни центри за детално испитување на потеклото на имотот, но затоа имаат добра соработка со институциите.

Во однос на испитувањето на имотната состојба на судиите и обвинителите, Ивановска рече дека доколку се утврди оти има зголемување на имотот, кој не соодвестува на месечните примања, а веќе, како што соопшти, има такви три случаи, тогаш одат на подлабока анализа или се обраќаат кај Финансиска полиција да ја спрове понатаму истрагата.

– Утврдивме доста слабости. Во планот за оваа година беа претседателите на судовите бидејќи немавме објеткивни критериуми да направиме избор на примерок за судиите. Имаме забелешки, тоа ќе се обелодени во годишниот извештај за 2020 година. Има слабости, не ги поднесуваат редовно анкетни листови, за почеток, за крај на функција, не ги ажурираат податоците при промена. /МИА/

Next Post

Запленети над 2000 пиротехнички средства, приведен 35-годишен маж

Shortcut

Најново

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

Николоски: Започнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево и експресен пат Радовиш-Струмица

June 15, 2026

Мицкоски: Исплатени 230 милиони евра за домашните компании, индустријата бележи раст од 7,5%

June 15, 2026
ВИ

САД и Иран постигнаа договор што треба да стави крај на конфликтот, паѓа цената на нафтата

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk