По денешната реакција на Државната комисија за спречување на корупцијата, Владата соопштува дека на вчерашната седница (21.12.2020 година) ја констатираше оставката на г-дин Бојан Лазаревски од функцијата член на Управниот одбор на Агенцијата за филм.
„Оставката на г-дин Лазаревски е поднесена неколку дена пред тој да биде назначен за в.д. директор на Агенцијата за филм. Оттаму, во конкретниот случај не постоела никаква можност да настане кумулација на функции.
Имено, согласно членот 16, ст. 1, ал. 1 од Законот за филмската дејност мандатот на директорот на Агенцијата му престанува по сила на закон кога тој ќе поднесе оставка во писмена форма. Вчерашната владина одлука има само декларативен карактер, односно со неа само да потврдува приемот на оставката, а таа важи од самиот момент кога е поднесена, односно од пред г-дин Лазаревски да биде воопшто назначен за в.д. директор на Агенцијата за филм. Со други зборови, законската одредба е јасна дека при поднесување на оставка функцијата престанува по сила на закон.
Владата на Република Северна Македонија постојано инсистира на задржување на највисоките стандарди при назначување на функционери. Оттаму, состојбите на кумулација на функции се далеку од прифатливи. Владата и владините тела внимателно ги испитуваат сите релевантни факти пред дадено лице да биде назначено за функционер.“, соопштуваат од владините служби.