ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Сите ќе бидат вклучени во новата концепција за основно образование, најави Царовска

December 23, 2020 17:12
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Концептот е подготвен од релевантни универзитетски професори и наставници кои се во настава директно сега и можат да ги видат предизвиците. Универзитетските професори заеднички со наставниците изградија визија за тоа каква концепција за учење во основно образование треба да има во нашата држава. Најрелевантни се педагозите и психолозите. Ова денеска го соопшти министерката за образование Мила Царовска на прес-конференција, на која беше презентирана новата концепција за основно образование.

Одговорајќи на новинарско прашање за историја и географија да останат како засебни предмети, министерката Царовска посочи дека верува во транспарентност и додаде дека низ дискусија се носат најдобри одлуки. По денешната презентација на оваа концепција, најави дека почнува јавна дебата, а документот ќе биде јавно достапен и сите релевантни ќе можат да дадат коментар.

-Но, најважно е дека сите профили кои треба да создаваат наставни програми понатаму, како историчари, географичари, тие директно ќе можат да се пријават на конкурс, да учествуваат во подготовка на наставните програми. Тој процес исто така ќе го водиме транспарентно. Нема грижа дека некој нема да биде вклучен. Сите ќе бидат вклучени затоа што ова е значаен процес за нашата држава. Ова е значаен процес за образовниот систен, но и за економијта и иднината на државата, нагласи Царовска.

Таа додаде дека имаат доплнителни финансиски средства за обука, за подготовка на наставни програми и за подготовка на наставни материјали.

Да се спроведе исцрпна јавна расправа со активно учество на Министерството за образование и наука и на Бирото за развој на образованието, и низ максимално инклузивен процес на сите засегнати страни да се дојде до најдобри решенија и висока согласност за најавениот концепт за основно образование, е заедничкиот заклучок од вчерашната седница на Владата, по презентацијата на Нацрт-концепцијата за основно образование.

Освен тоа, во заедничкиот заклучок стои дека треба да се појаснат некои од прашањата што ги имаат граѓаните, наставниците, родителите и учениците за најавената нова концепција за образование.

– Презентацијата јасно покажа дека со предлогот за наставен предмет општествени науки не се укинува наставниот предмет историја, туку содржините од него се предвидува да станат задолжителен дел од новата наставна програма, како и дека новиот концепт не предвидува намалување на бројот на наставниците по историја, географија и граѓанско образование, туку продолжуваат заеднички да ја планираат наставата, со цел учениците да добијат најдобро можно знаење на најефикасен начин, велат од Владата.

Next Post

Попладневен преглед: Реформи се неопходни веднаш, ниту еден наставник нема да остане без работа, веќе се набавени вакцини за 400.000 граѓани, ВМРО-ДПМНЕ лаже ...

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk