ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Камената логика на клиничкиот Латас

December 24, 2020 13:27
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

„Зошто луѓето и понатаму веруваат дека ова Влада може да направи нешто, а не може некоја друга, е работа за „клиничко испитување“, јас тука немам занает, немам струка“, рече Латас во емисија што ја води неговата помлада и појадна новинарска верзија на една маслодајна орбан телевизија, со што во негов стил упати тешка навреда кон мнозинството граѓани на Македонија.

Латас ги користи обезбедените началнички минути на пропагандната телевизијата на маслодајната тв за да исплука буквално сè што е сменето на арно од неговото вазално „куртон“ време, до денес и да го нарече народот „клинички случај“. Зачудува леснотијата со која смета дека сме заборавиле што чувме и како тој само до пред неколку години на линија со Мијалков си кроеја Дневник со „куртон вести“.

Кој е за клиничко испитување, народот или тој?

Интересно е и тоа што Латас секогаш поткрева главче кога како држава се наоѓаме во некоја сериозна ситуација, како нели сега ветото од Бугарија и пандемијата. Излегуваат неговите грст лаги, коперациски конструкции и дезинформации, а додека говори на тв екран вели имало медиумски информативен притвор. На телевизија која е со пропагандно-дезинформаторска програмска политика, која го загадува етерот низ целата држава и во ударен термин, излегува Латас и без ни малку срам вели сè било под контрола, цензурирано и имало сега информативен притвор. Ма, немој?!

Ваквите новинарски лешинари секогаш кога насетуваат крв, излегуваат и се обидуваат да се сладат. Не води тој никаква грижа и за несреќата што го наваса целиот свет и успева тоа да го испреврти во апокалиптичко сценарио, па говори за жртви и без ни малку исав налепува вина на поединци во државава за пандемија што го зафати целиот свет. Овде всушност не се ни работи за немање осет, туку за пресметана манипилација со информации, а со единствена егоистична цел  – само за да се врати режимот, каде тој повторно би се вгнездил во оние славни црни гнезда на началствување, контрапротести и неизвесност каде таквите како него најдобро пливаат и се нафатираат.

Се обидува очајно Латас да мавне во здраворазумниот живец, но токму тој како новинарски клинички случај што ја клошари новинарскат професија, знае дека народот памети, па затоа толку сочно и би рекол жалничко се пењави и бламира на очиглед на јавноста – знаат таквите песови дека иако лаат сега не може да каса и тоа ги боли.

Денеска е точно осум години од оној црн понеделник кога ги молкнеа пратениците од СДСМ и тогашната опозиција кои се наоѓаа на нивните работни места – во Собранието, а ги молкнеа само затоа што сакаа да си ја работат работата. Собраниските служби на тогашниот режим буквално по подот ги влечеа пратеничките и пратениците за да ги отстранат од Собранието. Сè уште ги слушам зборовите од тогашната пратеничка Маринела Тушева како му вели на собраниското обезбедување – Како не ви е срам, како не ви е жал…

Пред очи ни се и сликите каде ги исфрлаа новинарите од галеријата на собранието од каде што известуваа, само за да не посведочат на срамниот чин на тој црн понеделник 24 декември 2012 година. Каде беше Латас тогаш, се сеќавате ли со каква сласт ги коментираше тие настани? Каков жал, каков срам чекаш од вакви слуги како Латас, без чија помош тогашниот режим не можеше да функционира?

Но, народот којшто според Латас, е за „клиничко испитување“, му ја испрати дијагнозата на таквите практики на власт по кои копнее Латас и дружината. Останува уште да се спроведе демократската терапијата, за резултатот да биде едно излекувано демократско и прогресивно општество и сите ние во него.

И за крај, уште овој цитат од вчерашната емисија:

„Лесно му е на французот тој постои 6000, 7000, 10.000 години наназад во континуитет…“, рече Латас во емисијата.

И во право е човекот, ним – на Францизите им е лесно кога нели како што вели докторот на науки Латас си имале национална самосвест пред 10 илијади години (што му доаѓа во камено време), туку ние со вакви  недоклесани клинички мамлази како него и со телевизии кои му даваат простор што правиме?


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Костовски: Без план и без резултати, за една година се распаѓа владата на ВМРО-ДПМНЕ

May 14, 2025

Калевска-Ванчева: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

May 14, 2025

(ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилно нестабилна Влада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk