24 декември 2012 година, црниот понеделник.
Пред осум години го видовме, а нашите пратеници и директно го почувствуваа насилничкото лице на режимот.
Водејќи се од личен интерес, режимското ВМРО-ДПМНЕ ја осквернави македонската демократија, го погази достонството на македонското Собрание, на пратениците, новинарите…
Сцените на насилно исфралње новинари и пратеници и ден денес болат, потсетуваат на мрачното минато во кое беше заглавено нашето општество.
Таа насилничка, режимска матрица одамна и повеќе пати е поразувана од граѓаните, заедно со СДСМ, заедно со сите прогресивни сили во нашата татковина.
Но, 24 декември 2012 година, постојано ќе не потсетува дека не смееме и нема да дозволиме нашата татковина да се врати назад во темното, режимско и насилничко минато.
Ја вративме слободата и демократијата и со гордост денеска ги живееме.
Македонското Собрание, денес е вистински храм на демократијата, законите и Буџетот, се носат преку демократска дебата.
Црниот понеделник да не се заборави и никогаш да не се повтори!
Фејсбук објава од Љупчо Николовски