Заев: Петтиот пакет мерки е наменет за најпогодените, државата е тука да им помага на сите граѓани. Наскоро следува процес на консултации со синдикатите, претставниците на другите социјални партнери, стопанските комори и сите чинители, за да бидат највнимателно таргетирани потребните мерки. Заев рече дека државата има проектирано средства за оваа намена и во Буџетот за 2021 година.
Со политиките за достоинствено живеење обезбедуваме пристоен дом за секој граѓанин. Претседателот на Владата Заев посочи дека и во овие услови, со неопходните мерки за лична заштита на работниците во полн ек е изградбата на социјални станови, кои во делот на градежништвото се значаен сегмент од капиталните проекти.