ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Јерчиќ: Големата сцена од битолскиот театар од денеска го носи името на Баге, барем толку му должиме

December 25, 2020 18:12
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ако за нас, творците на театар се вели дека сме или дека треба да останеме вечно деца, сонувачи, Баге беше најголемото од сите нас…

Детето сонувач за кој изгледаше дека со неверојатна леснотија се справуваше со сите предизвици. Колку труд и посветеност вложуваше во сето тоа, само неговото семејство и тој знаеа најдобро. Нема сега да говорам за факти, бројки или датуми, бидејќи многумина повеќе од мене знаат за неговиот животен пат и придонес во театарската уметност и културата воопшто.

Фактите се навистина нешто со кое најчесто и најдобро се отсликува нечие постоење, но во случајот на Баге тоа беше, жарот, безрезервната љубов и фаталистичкиот пристап кон театарот…

Постои еден цитат од сега не можам да се сетам од кој филм кој вели “Најважната работа кај смртта на еден човек е нејзината рефлексија во животот…

Во таа смисла Баге не беше само актер, не беше само директор на НТБ, на Охридско лето, МТФ Војдан Чернодрински, ФКТ Ристо Шишков, Министер за култура, почесен председател на Нета, итн, итн… Баге беше што би се рекло театарот ез химселф, неговото величество театарот…

Благоја Стефановски Баге

Во негово време, а подоцна и по препорака дека таму некаде, во една мала Битола постои голем театар кој тој некогаш го водеше, низ вратата на Битолски во Македонија влегоа најзначајните режисери на 20тиот и 21виот век од регионот.

Не можам ниту да се сетам на некое големо име од театарот кое прво не работело во Битола… Веста за смртта на Баге не пречека неспремни, не дека живееме во толкава илузија дека е тоа чин за кој можеме да се спремиме и пред кој ќе се исправиме без никаков страв, подготвени, туку затоа што денес театарот се соочува со сериозна отсутност.

А за решенијата и излез од оваа ситуација ни беше повеќе од потребен. Ни јавија на проба, во време во кое за жал е подвиг да се проба, да се прават претстави…

Нешто што тој знаеше да го прави како никој друг… Да создава театар… Од денес, големата сцена на Н. У. Народен театар Битола ќе го носи неговото име. Барем толку му должиме.

Иван Јерчиќ – директор на теaтарот во Битола

Next Post

Царовска: Новата концепција се воведува етапно за да добиеме стабилен образовен систем

НАЈНОВО

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk