Премиерот Зоран Заев прими писмо од новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави Џозеф Бајден во кое се заблагодарува за честитките на премиерот Заев. Во писмото, новоизбраниот претседател на САД Бајден пишува дека очекува интензивна соработка помеѓу него и премиерот Заев.
Со измените на Законот за опојни дроги, поточно измена во извозот на цветот од канабис, економскиот бенефит ќе го почувствуваат и пациентите, истакна министерот за здравство д-р Венко Филипче во синоќешното гостување во емисијата 360 на Алсат.
Верувам дека од три до шест пратеници ќе се приклучат на парламентарното мнозинство. Интерпретација за Никола Димитров е добра можност да видиме колку пратеници навистина има опозицијата, порача вечерва премиерот Зоран Заев во гостувањето на Само интервју на канал 5 телевизија.
ФРОНТ: Кој добива а кој губи со декриминализација и широко користење на канабисот? – пишува Петрит Сарачини
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 44 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 441 лице сомнително и потврдено за КОВИД -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.
Премиерот Заев испрати новогодишни подароци за 126 деца во 23 групни домови низ државата, како и во Дневниот центар за деца на улица и Прифатниот центар за бездомни деца, а со некои од нив имаше прилика и да се види на настани врзани за новогодишните празници.
Од понеделник патниците што ќе пристигнат на турските аеродроми за да влезат во земјата ќе треба да покажат негативен тест за Ковид-19, не постар од 72 часа. Мерката за задолжителен негативен тест ќе биде во сила до март.
Новиот вид на коронавирус веќе е откриен во осум европски земји, изјави регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге.
Британски научници почнаа со клинички испитувања на нов лек против Ковид-19 базиран на антитела, кој го развија Универзитетскиот колеџ на лондонски болници, Националната здравствена служба (UCLH) и АстраЗенека.
СДСМ: Мицкоски е едиствен кој останува на браникот на криминалот и насилството, затоа губи шест пати на избори, толку може.
Собранието по повеќе од дваесет часа утрово ја прекина расправата по Предлог законот за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба, по скратена постапка.