Лицето кое се снимаше како вози по вело патеката на бул. 8-ми Септември од хотел Александар Палас кон бул. Илинден, а снимката се појави на социјалните мрежи, е евидентирано, изречена му е казна и привремено му е одземено возилото, извести градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
„Тик ток „фраерот” што возеше по вело патеката на 8-ми Септември, идентификуван, казнет од страна на МВР, казнет од Град Скопје, возилото времено одземено…“, напиша Шилегов на својот Фејсбук профил.
Тик ток „фраерот” што возеше по вело патеката на 8-ми Септември, идентификуван, казнет од страна на МВР, казнет од Град Скопје, возилото времено одземено…
Posted by Петре Шилегов on Saturday, December 26, 2020
J. Ѓ.