Анкетата на Македонскиот центар за меѓународна соработка – МЦМС и Телевизија Телма, спроведена од М-Проспект од 6 од 24 декември по телефонски пат.покажува дека најголема доверба граѓаните имаат во Зоран Заев (39,7%), потоа е лидерот на Левица, Димитар Апасиев (29,7%), а веднаш потоа се е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски (28,3%) и лидерот на ДУИ, Али Ахмети (15,5%).
Во врска со написите за набавката на ПЦР тестови од страна на Службата за општи и заеднички работи за вработените во Владата на Република Северна Македонија укажуваме дека тестовите се неопходни во ситуации кога членови на Владата имаат потреба од итно службено патување во странство. Станува збор за ПЦР тестови кои се неопходни за итни службени патувања за кои не постојат можности за закажување тест преку матичен лекар.
Во свое интервју во емисијата 360 степени, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, уште еднаш маестрално ја покажува својата математичка спремност.Самиот ја критикува владата дека не прифатила ниту 5 амандмани, а всушност владата прифатила 18 амандмани на опозицијата.
Министерот за правда Бојан Маричиќ по состанокот на Советот за реформи во правосудството изјави дека следната година ќе се направи најавената филтрација на судството.Според министерот преку овој процес ќе се врати изгубената доверба на граѓаните во правната држава.