ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Спасовски на традиционалното академско кафе со студентите и професорите од Факултетот за безбедност – Скопје

December 30, 2020 12:13
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и државната секретарка Магдалена Несторовска денеска учествуваа на традиционалното предновогодишно академско кафе, кое годинава се реализираше „онлајн“ во организација на Факултетот за безбедност – Скопје, во рамки на Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола.

 

Настанот, на кој студентите и наставниците имаа можност да разменат искуства со министерот Спасовски за безбедноста, движењето на криминалитетот, плановите за иднината, како што информираа од МВР, го водел деканот на факултетот, проф. д-р Никола Дујовски.

Во своето воведно обраќање министерот Спасовски истакнал дека зад нас е една тешка година, исполнета со активности што многу повеќе беа резултат на изнуденост, како одговор на глобалната пандемија од „ковид 19“, година што објективно забави или одложи многу наши планови, амбиции, проекти, без оглед дали се однесуваат на личен, професионален или институционален план“. Додал дека не постоел сегмент од општественото живеење што не се најде на удар на пандемиската криза, вклучувајќи ги образовниот и научниот сегмент, кои како и сѐ друго, мораа да се прилагодуваат на
новонастанатите услови.

– Сепак, на мислење сум дека и покрај таквите, без дилема вонредни и крајно загрозувачки состојби во текот на речиси цела 2020 година, успеавме да ги амортизираме поголемиот дел од можните штети – пред сѐ во поглед на зачувување на здравјето на луѓето, како и во поглед на спроведување на законите и во релативно нормалното фукционирање на системот, како базични услови за брзо надминување на оваа досега незапаметена светска криза, предизвикана од пандемијата на коронавирусот ковид 19, посочил министерот Спасовски.

Одговарајќи на прашања од страна на студентите, министерот Спасовски информирал за мерките кои
секојдневно ги спроведуваат полициските службеници за спречување на ширење на вирусот, како и за за секојдневното затворање на угостителски објекти поради непочитување на мерките и одлуките донесени од Владата.

Министерот Спасовски, одговарајќи на прашање во однос на борбата со криминалот генерално, предочи за намалување на сите видови криминалитет во државата во последните неколку месеци, вклучувајќи ја и бескомпромисната борба со нелегалната трговија со дрога, од која секојдневно се гледаат резултатите. Воспоставувањето на редот во сообраќајот преку зајакнатите сообраќајни контроли, исто така, беше поздравено од студентите, како и зајакнатите контролни активности на полицијата пред празниците, кои резултираа со над 180.000 запленети пиротехнички средства.

Осврнувајќи се на годината која донесе предизвици што влијаеа на поттикнување на човечноста и солидарноста, тој им посакал на студентите добро здравје и среќна и успешна 2021. Факултетот за безбедност – Скопје на министерот Оливер Спасовски му доделил благодарница за досегашната соработка и партнерскиот однос со оваа високообразовна институција.

 

 

/МИА/
Next Post

Селма Хајек ги почести своите обожаватели со слика во бикини

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk