Игор Мирчески човекот кој ги предводи протестите на тутунарите својот тутун го продал по прилично повисока цена од просечната. Документи кои ни ги прати свиркач покажуваат дека мајката на Мирчески, Јелица склучила договор за продажба на тутун по цена од над 199 денари, кога просечната цена на килограм тутун изнесува 167 денари, обелодени ЦЕНТАР.МК.