Седуммина починати и 414 новозаразени со ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 83.743, бројката на оздравени пациенти е 61.943, на починати е 2.510, а бројот на активни случаи изнесува 19.290.
Новата мутација на коронавирусот и за што треба да бидеме загрижени? До денес, регистрирани се над 12 000 мутации * на коронавирус (САРС-CoV-2). Пред неколку месеци, весниците беа преполни со наслови за мутацијата D614G и приказната за тоа како „доаѓа крајот на светот“ затоа што вирусот мутирал. Научниците потоа го проучувале овој „мутант“ и покажале дека нашиот организам создава ист имунолошки одговор како и при првичниот сој на вирусот.
Полицајци спасиле 67-годишна жена од водите на Вардар. Како што соопшти МВР, полицијата реагирала во 10:16 часот, по добивање на пријава во СВР Скопје дека има женско лице во реката Вардар, во близина на хотел во Скопје.
Филипче: Граѓаните ги почитувале мерките, ова е и нивна голема заслуга..Во Ургентниот хируршки центар извршени се десетина прегледи и приеми, споредбено со 30, 40 во изминатите години.
ЈО: Новогодишна честитка од еден осомничен за јавен обвинител. За еден таков случај потврда е и новогодишната честитка која деновиве пристигна до еден обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, а ја испрати осомничен сторител на кривично дело. Дел од текстот објавуваме, се разбира со дозвола од испраќачот и со заштита на неговиот идентитет.
Првото родено бебе во Прилеп е женско. Поминавме прекрасно. Тимот беше прекрасен. Пресреќна сум, моето бебе е здраво и живо. На сите им посакувам среќни празници и годинава да биде далеку подобра од претходната и сите да сме здрави и живи. Инаку, веќе го одбравме името на нашата ќерка, ќе се вика Инес, изјави среќната мајка Ангелка Георгиева.
Пронајдено тело на маж во Гостивар, смртта најверојатно е од истрел на оружје. Како што соопшти ЈО, Основното јавно обвинителство Гостивар вчера извршило увид на лице место, а со цел утврдување на причините за смртта како и идентификација на жртвата, јавниот обвинител издал наредба за обдукција на телото на починатиот.