Жена на 67 годишна возраст денеска е спасена од давење од водите на Вардар и пренесена во Градската општа болница „8 Септември“.
Како што соопшти МВР, полицијата реагирала во 10:16 часот, по добивање на пријава во СВР Скопје дека има женско лице во реката Вардар, во близина на хотел во Скопје.
Полициски службеници од интервентната полиција влегле во водите на Вардар и ја извадиле жената, на која веднаш ѝ е пружена прва помош и е однесена во болница, каде не и биле констатирани повреди.