ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го поддржат пописот повторно го покажува нивното  антидржавно, неодговорно и деструктивно однесување, велат од СДСМ, Дипломатка од македонската мисија во ОН синоќа пронајдена мртва

January 2, 2021 17:55
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 23 нови пациенти поради компликации од коронавирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19 кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 875 и има околу 430 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство.

Турските власти приведоа 267 осомничени во врска со терористички организации, јави Анадолија. Меѓу нив има 161 странец.

Лукаревска воедно посочи дека Координирано со Државниот инспекторат за труд покрај овие контроли за финансиската поддршка, ќе се врши и инспекциски надзор кај компаниите кои исплатиле плата пониска од минималната, согласно закон.

Дипломатка од македонската мисија во ОН синоќа била пронајдена мртва во нејзиниот стан во Менхетн во Њујорк, потврдија за МИА од Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија.

Три лица еден косовски и двајца македонски државјани заработија кривични пријави под сомнение за убиство во обид и помагање на сторителот, за инцидентот што на 30 декември се случи во кафе бар во строгиот центар на градот.

Денес, за пробивот на вести и за привлекувањето на интересот на јавноста, на отворен етер подеднакво се борат и владата, и опозицијата, и бизнисите, и граѓанскиото општество. Нема веќе подредени и привилегирани медиуми, ниту нарачани вести, вели во интервју за „Локално“ националниот координатор за стратегиски комуникации и за спроведување на комуникациската стратегија на Владата, Марјан Забрчанец.

Најавата на ВМРО-ДПМНЕ по којзнае кој пат дека нема да го поддржат пописот повторно го покажува нивното  антидржавно, неодговорно и деструктивно однесување, спротивно на националните интереси.

„Времето кое го поминуваме со децата е најважно“, напиша на својот фб профил министерот за здравство Венко Филипче кој објави и фотографии со премиерот Зоран Заев и нивните синови Душко и Иво.

Скопската зоолошка градина доби четири нови јагненца и лама со уникатни шари.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 378 тестирања, а регистрирани се 46 нови случаи на ковид-19.

Пет лица, меѓу кои тројца цивили, загинаа денеска при експлозија на автомобил-бомба во североисточниот дел на Сирија, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права. Нападот се случил во близина на пазар за зеленчук во градот Рас ал-Аин, контролиран од турските сили.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека починатиот У.Ф. е пронајден вчера во 16:15 часот од страна на полициски службеници, а неговото исчезнување претходниот ден го пријавила неговата сопруга.

Според последните податоци, причинетата штета по земјотресот во Хрватска изнесува над 400 милиони евра, а оштетени се речиси девет илјади објекти.

 

Next Post

Земјоделските здруженија со различен став за откупот на тутунот

Shortcut

Најново

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk